Q-Switch Nd:Yag ласер – Моќна технологија за отстранување на тетоважи, третман на хиперпигментација,  подмладување и регенерација на кожата

Q-Switch Nd:Yag ласерот нуди трајно и ефикасно решение за отстранување на несакани пигментации, мелазма, старечки дамки, како и за отстранување на тетоважи. Дополнително, со овој ласер се изведуваат третмани што ги стимулираат регенерирањето и подмладувањето на кожата, приспособени за сите типови кожа. Д-р Весна Пљакоска, специјалист по дерматовенерологија, објаснува дека оваа напредна технологија испорачува прецизна и интензивна светлосна енергија директно на целните области, овозможувајќи извонредни резултати со минимален ризик и безбедност за пациентите.

„Q-Switch ласерот стимулира создавање колаген, што доведува до подмладување на кожата, стеснување на порите, намалување на брчките и лузните од акни. Исто така, го подобрува тонусот на кожата и значително го подобрува нејзиниот сјај“, објаснува д-р Пљакоска.

Q-Switch ласерот, како една од најновите технологии во Центарот за перфекција, работи значително побргу од традиционалните ласери, што го скратува времетраењето на процедурите за отстранување тетоважи. Благодарение на својата уникатна способност да испорачува енергија во ултракратки, контролирани пулсови, овој ласер таргетира пигмент во кожата без да предизвика оштетувања на околните ткива.

„Ласерската терапија е златен стандард во отстранувањето тетоважи. Високоенергетските ласерски импулси продираат длабоко во кожата, дури до 2-3 мм и на тој начин прецизно ги таргетираат и разградуваат пигментните наслаги или мастилото од тетоважи. Откако пигментот ќе се разгради, природниот имунолошки систем на телото постепено ги елиминира овие фрагменти“, објаснува д-р Пљакоска.

Во зависност од природата на проблемот, кој се утврдува преку клинички преглед од страна на специјалист по дерматовенерологија, се одредува и бројот на потребни третмани. Во повеќето случаи, доволни се само 1 до 2 третмани, додека за отстранување на тетоважи со Q-Switch ласерот може да бидат потребни шест или повеќе сесии. Најдобро е третманите да се изведуваат во временски интервали што овозможуваат кожата да се регенерира. Исто така, важно е да се истакне дека третманот со овој ласер е безбеден и не остава лузни.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!