Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во третманот на пациентите со малигни заболувања е вклучен мултидисциплинарен тим на лекари со цел обезбедување индивидуален третман за секој пациент.
Карцином на дојка е најчест вид на малигно заболување кај женската популација, а со тоа и најчеста причина за смртен исход од малигни болести кај истата популација. Овој вид на малигно заболување може да се лекува со системска терапија (хемотерапија, хормонска и биолошка терапија) и радиотерапија како локален третман, појаснува д-р Славица Кралева, онколог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ радиотерапија се изведува со современ линеарен акцелератор Trilogy, кој обезбедува прецизно и точно озрачување на туморското ткиво. Истовремено при радиотерапевтскиот третман е запазен комодитетот на пациентот што е клучно за изведување на адекватно потребна радиотерапија. Дополнително, има можност да се земе во предвид:
придвижувањето на органите во пациентот заради дишење во текот на секое поединечно зрачење како и менување на обликот на контурата на телото на пациентот (заради намалување на туморот ако се наоѓа во близина на кожата, односно под или на кожа) или заради менување на телесна тежина во текот на повеќенеделниот радиотерапевтски третман
Д-р Кралева посочува дека радиотерапијатa се користи за лекување на скоро сите малигни заболувања и кај одредени бенигни заболувања. Со овој вид на третман се постигнува контрола на растот на малигните клетки или нивно комплетно уништување. Според неа, радиотерапија е вид на третман кој се користи при лекување на карцином и има за цел да го спречи неговото повторување. Применлива е во следните случаи:
- пред да се започне со оперативен третман со цел намалување на туморот;
- по изведен хируршки третман со цел уништување на останатите малигни клетки по операцијата;
- со плијативна цел кога излекувањето не може да се постигне и целта на овој третман е намалување на симптомите предвизвикани од самиот тумор.
Радиотерапијата како локален третман може да се комбинра со некоја системска терапија (хемотерапија, хормонска и биолошка терапија). Д-р Кралева појаснува дека високоенергетските зраци користени при радиотерапија предизвикуваат оштетување на ДНК на малигните клетки, со што се оневозможува нивната способност за ширење, а уништувајќи ги клетките се намалува туморот. Здравите клети за разлика од туморските имаат способност да се обноват од оштетувањето предизвикано од радиотерапијата. Таа предупредува и дека во тек на радиотерапијата може да се јават и некои несакни реакции, кои се резултат на оштетување на здравите клетки во тек на третманот. Несакните реакции се кумулативни и обично се јавуваат во касните фази од третманот. Може да се во блага форма или појаки и зависат од големината на туморот, неговата локализација, општата состојба на пациентот, стадиумот на болеста и од тоа кој третман се применува (комбиниран третман со хемотерапија). Најчести несакни реакции во тек на радиотерапијата се иритација на кожата во регијата која се зрачи и замор. Другите несакни реакции зависат од регијата која е подложена на зрачен третман, привремено опаѓање на косата (при зрачење на глава), уринарни проблеми (доколку е опфатена малата карлица), сувост и болка во грлото ( доколку се зрачи вратот).
Радиохирургија е современа техника на зрачење која со своите резултати допринесува да биде изедначена со хирургијата и представува замена за операција за одредени тумори. Како посебна техника во радиотерапијата таа е ефикасна субмилиметарски прецизна и се изведува во краток временски период со мал број на зрачења (фракции) и многу високи дози. Со тоа се постигнува максимална доза во туморот со истовремена максимална заштита на здравото ткиво.