Ранецот да не зафаќа повеќе од две третини од грбот

Пред поаѓање во училиште родителите се соочуваат со дилемата каков ранец треба да носи нивното дете, колку да тежи за да не го искриви рбетот.

Д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација вели дека училишниот ранец не треба да е преголем, односно да не опфаќа повеќе од две третини од грбот. Таа објаснува дека прерамките треба да се широки, за да се обезбеди рамномерно распоредување на тежината на двете рамења.

Пред поаѓање во училиште родителите се соочуваат со дилемата каков ранец треба да носи нивното дете, колку да тежи за да не го искриви рбетот.

Д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација вели дека училишниот ранец не треба да е преголем, односно да не опфаќа повеќе од две третини од грбот. Таа објаснува дека прерамките треба да се широки, за да се обезбеди рамномерно распоредување на тежината на двете рамења.

“Важен момент е и распоредувањето на книгите во ранецот, со што најтешките треба да се најблизу до грбот. Да не се изостави и тежината на училишниот ранец, кој треба да тежи 10 проценти од телесната тежина на детето, a се што е повеќе од 15 проценти од телесната тежина претставува сериозна закана за правилниот развој на рбетниот столб”, вели д-р Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ.

Анатомски влошки во чевлите и во патиките

Детските чевли треба да се меки и удобни и изработени во внатрешноста од природни материјали. Децата што одат во училиште треба да носат чевли или патики кои се лесно свитливи, при што ќе овозможат правилно одење. Обувките да се со анатомски влошки кои го држат стапалото правилно поставено за да спречи појава на рамни стапала.

Децата во градинките, во просториите каде го поминуваат денот треба да носат топлинки кои исто треба да се меки, лесно свитливи, со анатомска влошка и да овозможат правилно движење.

Денот да се почне со вежби за истегнување

Денот по правило треба да се почне со физичка активност од десетина минути, која се состои од вежби за истегнување. Физијатрите препорачуваат по секој училишен час да се направи пауза и раздвижување од околу десетина минути, а на секои одржани четири училишни часа да се изведува еден час организирана физичка активност. Ваквиот распоред на активност треба да се применува секој училишен ден.

“Во период на раст и развој потребно е да се извршуваат вежби за истегнување и зајакнување на мускулатурата на грбот и екстремитетите, вежби кои ќе поттикнуваат правилно држење на телото.

Се изведуваат и специјализирани вежби кои директно влијаат на грбната мускулатура за правилно држење на рбетниот столб, како и соодветни вежби кои го стимулираат создавањето на сводот на стапалото и директно влијаат во спречувањето на рамни стапала”, вели д-р Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ.

Во клупа да се седи на столче под агол од 90 степени

Училишната клупа и столчето треба да се во правилен сооднос и да се со висина соодветна за секоја возраст. При седење грбот треба да се потпре на наслонот и со седалниот дел да градат агол од 90 степени. Растојанието од површината на клупата до главата при читање и пишување треба да изнесува една подлактица.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!