Во текот на лекувањето на карциномот на дојка, една од можните последицие и загубата на дојката, состојба која има негативно психичко влијание кај многу жени, но постои можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката – реконструкција по мастектомија. Ова им помага на жените подобро да се соочат со болеста, да ја подигнат самодовербата и да ги намалат траумите од самата интервенција. Кои се предностите, кога и како треба да се направи реконструкцијата, одговор ни дадоа лекарите од Центарот за дојки при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.