Најубавиот дел од денот е времето поминато со семејството. Еве неколку начини како забавно да го поминете времето со своите најблиски.
- По напорниот работен ден релаксирајте се со семејството и направете една заедничка прошетка. Објаснете им на децата дека прошетката во природа ќе ги опушти, релаксира и зближи. Најчесто кога сме под стрес се одлучуваме за брза храна, филм и лежење. Сменете ја оваа навика и појдете до најблискиот парк!
- Еден ден во неделата издвојте го за друштвени игри со семејството. Играјте монопол, не лути се човече, карти, шах, табла, домино или пикадо. Играта ќе ве опушти и зближи.
- Опуштете ги мускулите и вежбајте јога заедно со вашите деца. На интернет каналите има јога и за деца и за возрасни, па можете да вежбате заедно.
- Прекријте го подот со стари весници и сликајте заедно со дечињата, бидете креативни и уживајте!
- Вежбајте длабоко дишење. Седнете удобно на подот, со затворени очи и земете длабоко воздух преку носот. Оваа вежба ќе ве одмори и опушти.
- Секој од нас со радост се сеќава на приказните од детството, убавите цртани филмови и народните приказни. Оваа вечер наместо да гледате сериски филм одлучете се за цртан филм со вашето малечко.