Ревматоиден артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која предизвикува воспаление и болка во зглобовите и ткивата околу зглобовите. Воспалението почнува во зглобната мембрана која го штити зглобот, обезбедува исхрана на зглобната ‘рскавица и ја создава зглобната течност. Во светски рамки од оваа болест страдаат 1% од населението и односот жени спрема мажи е 3:1. Постојат два вида: ран – кај кој симптомите траат помалку од 3 месеци, и дијагностициран ревматоиден артритис кај кој постојат симптоми на инфламација и отекување на зглобовите. За најчестите симптоми кои не треба да ги игнорирате, но и за третманот и лекувањето разговаравме со професор доктор Мане Грличков, ревматолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.