Сакате да јадете обилно навечер?

Неколку начини да се изборите со навиката да јадете доцна навечер!

Нема ништо лошо во тоа да го ублажите гладот во доцните вечерни часови. Но, сепак, доколку честопати ви се случува да ја извадите кутијата сладолед од замрзнувачот или да грицкате чипс, тогаш имате проблем. Овие калории не се согоруваат во текот на ноќта. Доколку секоја вечер внесувате по 200 калории тоа се 1400 калории на ниво на една недела, што претставува дозволен внес во текот на еден цел ден. Калориите се таложат и многу брзо можете да дојдете до ситуација да се борите со вишокот килограми.

1.       Јадете на секои три часа

Доколку ги броите калориите кои ги внесувате, не се изгладнувајте со тоа што нема да јадете во текот на целиот ден бидејќи постои можност навечер да паднете под искушение и да изедете цела тава колачи. Одржувајте ја енергијата така што ќе јадете на секои три часа. Појадок, ручек, вечера, и два оброка помеѓу нив.

2.       Влакната и протеините се вашите најсилни сојузници

Обрнете внимание вашите оброци да содржат што повеќе влакна и протеини. Тие го продолжуваат чувството на заситеност и го одржуваат нивото на енергија подолг временски период. Јадете интегрални јадења, лешници, семки, млечни производи со ниска масленост и други намирници кои изобилуваат со белковини. Овој совет особено се однесува за вечерните часови.

3.       Слатки

Доколку премногу сакате слатки, не дозволувајте да се воздржувате премногу за да не паднете под искушение да се прејадете со нив. Дозволете си во текот на денот по некое слатко. Најпрепорачливо е црното чоколадо.

4.       Вода

Доколку јадете по навика и кога не сте гладни, имајте во близина чаша вода или чај. Тоа ќе ви помогне донекаде да го згаснете гладот.

5.       Споделете  ја одлуката со вашите домашни

Силата на волјата има свои граници. Речете им на домашните дека сакате да се ослободите од оваа лоша навика и замолете ги да не јадат ноќни закуски во ваше присуство. На тој начин можете да влијаете и тие да се ослободат од истата навика. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!