Салата од краставица и авокадо

Потребни состојки:

-          1 мала краставица
-          1 поголемо авокадо
-          2 парчиња млад кромид
-          2 чешниња лук
-          1 мало феферонче
-          2 стапчиња целер
-          Сок од ½ лимон
-          250 грама густ немасен јогурт или павлака
-          Морска сол, свежо смелен бибер, ситно сечкани листови нане по вкус

Потребни состојки:

–          1 мала краставица
–          1 поголемо авокадо
–          2 парчиња млад кромид
–          2 чешниња лук
–          1 мало феферонче
–          2 стапчиња целер
–          Сок од ½ лимон
–          250 грама густ немасен јогурт или павлака
–          Морска сол, свежо смелен бибер, ситно сечкани листови нане по вкус

Начин на подготовка:

Целиот зеленчук, освен авокадото, измијте го, ситно исечкајте го и ставете го во поголем длабок сад. Авокадото исечете го на половина, па потоа на ситни коцки и прелијте го со лимуновиот сок.

2/3 од исечканото авокадо ставете ги во садот со другите зеленчуци, а останатото оставете го за декорација.

Додајте јогурт или кисела павлака, посолете и побиберете по ваш вкус. Сето тоа лесно измешајте го и послужете ја салатата ладна.
 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!