Седум нарушувања на организмот предизвикани од стрес

Стресот е секојдневие, нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Иако најчесто слушаме дека стресот е негативен, во одредени ситуации може да биде и корисен, бидејќи претставува мотивација за да ја завршите одредена задача во дадениот рок.

Стресот е секојдневие, нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Иако најчесто слушаме дека стресот е негативен, во одредени ситуации може да биде и корисен, бидејќи претставува мотивација за да ја завршите одредена задача во дадениот рок.

Стресот е штетен кога трае подолго време а вие неможете да го контролирате. Многу пати стресот не е причина за да се појави одредена состојба, но може да биде причина за влошување на нејзините симптоми. Во продолжение прочитајте какви реакции може да предизвика на организмот.

1.      Мускули и зглобови

Стресот може да предизвика болка и грчеви во мускулите, како и симптоми на артритис, фибромегалија и други состојби.  Болката во мускулите може да се појави поради тоа што стресот го намалува прагот на издржливост на болка.

2.      Срце и бели дробови

Покаченото ниво на хормонот на стрес-кортизол може да ги влоши симптомите на болест на срцето и белите дробови. Состојби поврзани со штетеното влијание на стресот се срцевите заболувања, срцев удар, висок кревн притисок и астма.

3.      Кожа и коса

Бројни истражувања го поврзуваат стресот со влошување на симптомите на екзема и псоријаза на кожата. Други проблеми поврзани со кожата се појава на осип и чешање, прекумерно потење па дури и опаѓање на косата.

4.      Дигестивен систем

Стресот влијае негативно и на дигестивниот систем, почнувајќи од поедноставните симптоми како гасови, болка, надуеност, дијареа, запек а може да биде и причина за појава на синдромот на нервозно дебело црево и враќање на содржината од желудник во хранопроводот (ГЕРБ).

5.      Рамена, глава и вилица

Стерсот предизвикува состојба ткн. „тензичен триаголник“ што вклучува спазам  (грч) на рамената вратот и вилицата. Дополнително  може да се јави и тензична главоболка, затегање на вратот и рамената.

6.      Имун систем

Силниот имун систем е потребен за одбрана од болестите. Стресот делува врз намалување на имунитетот така што сте поизложени на настинки и грипови. Истотака стресот е поврзан и со појава на автоимуни болести како лупус, а ги влошува и симптомите на воспалителните болести на мочниот меур.

7.      Ментално здравје

Депресија и намалување на ентузијазмот за активности  кои обично уживате да ги правите се клучните негативни влијанија на стресот врз менталното здравје. Луѓето под стрес имаат намален апетит и намалена волја за вежбање и рекреација што уште повеќе ги влошува симптомите.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!