Шест предупредувачки симптоми за васкуларното здравје

Симптомите поврзани со болеста на артериите се јавуваат многу рано, но, за жал, малкумина ги препознаваат. Прочитајте ги шесте најчести симптоми кои укажуваат дека имате проблеми со вашето васкуларно здравје.

Симптомите поврзани со болеста на артериите се јавуваат многу рано, но, за жал, малкумина ги препознаваат. Прочитајте ги шесте најчести симптоми кои укажуваат дека имате проблеми со вашето васкуларно здравје.

1. Болка при движење и мирување

Болката при движење е типичен симптом на болеста на артериите. Колку повеќе се намалува течењето на крвта низ артериите, како последица на таложење масни материи и калциумови соли во склоп на артериосклероза или затнување наартериите како последи- ца на шеќерна болест, се намалуваат метрите во должина на одење. Па така пациентот ќе се пожали дека може да помине 300 метри па мора да застане да одмори, па повторно да пешачи 300 метри. Како напредува процесот на затнување се намалува и должината на одење без застанување, сè додека не почнат болки во мирување. Болката во мирување е првиот знак дека артериите се комплетно затнати и исхраната на ткивото е сведено само на преживување.

2. Промена на бојата на кожата и ноктите на стапалото

Кога ткивото на стапалото трпи за храна, кожата станува исхемична и бледа, влакната паѓаат и настанува атрофија на ноктите.

3. Ладни нозе

Како последица на намалена исхрана наткивата на нозете, стапалата се ладни.

4. Намалена осетливост

Заради намалена исхрана, први трпат нервните завршетоци. Како последица на ова осетливоста на допир како и на топло и ладно е намалена.

5. Отворање рани на врвовите на прстите

Црните точки кои се шират од ден на ден на врвовите на прстите, посебно на места од стапалата кои се изложени на постојана траума од чевлите, е некроза. Ова е првиот серио- зен знак дека ткивото не се храни како што треба.

6. Гангрена

Големи црни влажни или суви површини кои се последица на распаднато ткиво придружени со интензивен и непријатен мирис претставува гангрена. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!