Шест причини да закажете преглед на стоматолог

Промените во усната празнина и забите се една од причините зошто да посетите стоматолог. Прочитајте ги 6-те симптоми кои укажуваат дека имате нарушено орално здравје.

Промените во усната празнина и забите се една од причините зошто да посетите стоматолог. Прочитајте ги 6-те симптоми кои укажуваат дека имате нарушено орално здравје.

Болка во забите

Болката во забите е првиот аларм за посета на стоматолог. Чекањето овој процес да заврши и болката да помине сама од себе може само да ви наштети. Како што минува времето процесот во болниот заб продолжува да го уништува, а болката може да стане уште поголема.

Болка во вилицата

Болката во вилицата може да јави како резултат на сериозна забоболка, воспаление на синусите, чкрипење на забите или проблеми со виличниот зглоб. Болката во вилицата е уште еден симптом кој бара посета на стоматолог. Тој ќе утврди за што точно станува збор, дали причината е поврзана со забите или пак ќе ве упати на оториноларинголог.

Лош здив

Привремено лош здив, предизвикан од она што го јадете или пиете, не е причина за аларм. Доколку лошиот здив трае долг период, посетете стоматолог . Тоа може да биде предупредувачки знак за заболување на непцата или нешто посериозно. Најчесто,  лош здив може да се намали со редовно четкање на забите и чистење со конец за заби.

Крвавење на непцата

Крвавењето на непцата може да се јави од неправилно четкање на забите при што се оштетуваат непцата, но може да биде и знак за болест на непцата или воспаление – гингивит. Не треба да ве загрижува доколку повремено на забниот конец најдете траги од крв. Но често крвавење од непцата кое е придружено со болка е вистинска причина да закажете преглед кај вашиот стоматолог.

Ранички во устата

Присуството на ранички во устата може да биде причина за појава на инфекција, најчесто вирусна или габична. Најчест проблем со кој се соочуваат пушачите е појава на леукоплакија – бели лезии на слузокожата на усната празнина. Секоја промена на слузокожата треба да се пријави кај стоматологот.

Напукнати заби

Иако честопати не се видливи со голо око, напукнатите заби може да предизвикуваат болка доколку не се третираат навреме. Токму затоа, напукнати заби, повреда на забите, чкрипење на забите се состојби кои доколку не ги третирате, може да предизвикаат други компликации.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!