Симптоми на карцином на дојка

Потребно е долго време за една клетка во дојките да стане канцерогена и да формира тумор и затоа потребен е експерт да ја открие за време на испитување или радиолошки преглед. Генерално, жените можат да забележат грутка која достигнува до 1 см преку самопреглед. Денес повеќето од пациентите кои имаат карцином на дојка го откриле преку овој метод. Канцерогените грутки генерално се тврди, со неправилен облик, кои не може да се поместат во градното ткиво. Доколку карциномот веќе се проширил на другите органи (метастази), овие наоди не се први наоди за карцином на дојка. Најчестите делови во кои се шири карциномот на дојка се колкот, ‘рбетот, белите дробови и црниот дроб.

Сепак, кај некои пациенти не е присутен ниту еден од овие симптоми и карциномот може да се открие само со мамографија. Ако е присутен најмалку еден од подолу наведените симптоми, треба да посетите доктор:

  • Доколку чувствувате грутка во дојката или во пазувите (отекување или вкочанетост),
  • Исцедок од брадавиците (крвав или безбоен од еден канал),
  • Свиткани или повлечени брадавици или промени во нивниот облик,
  • Промени на кожата на брадавицата (лупење),
  • Модринки или осип на кожата на дојката,
  • Едем, отекување и лупење на кожата на дојката,
  • Раст, промени во обликот или асиметрија на дојките или промена на бојата (црвенило и сл.).

ВАЖНО

Точно или неточно:

Сподели: