Кај кого може да се јави синдромот „суво око“ и која е причината?

Синдромот суво око може да се јави кај секој човек, но под најголем ризик се луѓето постари од 50 години. Иако оваа состојба почесто се јавува кај жените, често ги зафаќа и мажите.

Синдромот суво око може да се јави кај секој човек, но под најголем ризик се луѓето постари од 50 години. Иако оваа состојба почесто се јавува кај жените, често ги зафаќа и мажите.

Кај многумина синдромот „хронично суво око“ може да биде предизвикан или поврзан со:

Возраст

–          Овој синдром почесто се јавува кај луѓето над 50-годишна возраст

Хормонски промени

–          Синдромот „суво око“ се поврзува со хормонските нарушувања, кои се многу честа појава кај жените кои се во менопауза или во постменопаузален период.

Воспаленија

–          Воспаленијата можат да ги зафатат жлездите кои го намалуваат снабдувањето на течност во очите

Останати фактори

–          Глаукома
–          Дијабетес
–          Лупус
–          Ревматоиден артритис
–          Сјогренов синдром

Други фактори кои можат да ги влошат симптомите од синдромот „суво око“

–          Полен и алергии
–          Сув воздух или ветер
–          Прав и чад
–          Работење пред компјутер
–          Носење контактни леќи

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!