Скрининг програма на белодробен карцином достапна само во „Аџибадем Систина“

Карциномот на бели дробови е водечки карцином според бројот на смртни случаи. Причина е доцната дијагноза. Скринингот, кој е редовна пракса во повеќе земји, е најдобар начин за навремена дијагноза. Откривањето во почетен стадиум значително ги зголемува шансите за излекување. Во продолжение проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува повеќе за скрининг програмата за овој вид канцер.

Карциномот на бели дробови е водечки карцином според бројот на смртни случаи. Причина е доцната дијагноза. Скринингот, кој е редовна пракса во повеќе земји, е најдобар начин за навремена дијагноза. Откривањето во почетен стадиум значително ги зголемува шансите за излекување. Во продолжение проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува повеќе за скрининг програмата за овој вид канцер.

Рана дијагноза со компјутерска томографија

Скрининг програмата се состои од снимање ризични групи пациенти со ниски дози на компјутерска томографија. „Карциномот на бели дробови е сериозна болест, која доколку не се открие на време може да резултира и со смрт. Со детекција во рана фаза значително се зголемува можноста за целосно излекување и преживување. Скрининг програмата за карцином на бели дробови е најдобар начин за откривање на болеста. Во Америка веќе е воспоставен овој скрининг со кој се очекува да ја намали смртноста“, објаснува проф. д-р Трајковски.

За кого е наменет скринингот?

Оваа скрининг програма е наменета за луѓето кои имаат поголем ризик. Според д-р Трајковски во оваа група спаѓаат:

  • Луѓе на возраст помеѓу 55 и 80 години
  • Активни пушачи или луѓе кои се откажале од пушењето, но пушеле 30 години по една кутија цигари дневно
  • Активни пушачи или пушачи кои се откажале од пушењето, а пушеле во период од 20 години по една кутија дневно, а дополнително ги имаат следниве ризик фактори:
  • Пациентот е излечен од карцином на бели дробови пред 5 години
  • Некој од членовите од семејството имал карцином на бели дробови
  • Имате заболување на белите дробови (хронична опструктивна белодробна болест, хроничен бронхитис, емфизем, изложеност на азбест)

Ако ги забележите овие симпоми, јавете се на лекар

Во повеќето случаи, симптомите на карцином на бели дробови се појавуваат во подоцнежен стадиум. Доколку забележите некој од следниве симптоми, веднаш консултирајте сe со вашиот доктор: 

  • кашлица која не се смирува
  • хронична кашлица
  • искашлувате крв
  • губење здив
  • отежнато дишење
  • засипнатост
  • нагло губење на телесната тежина
  • болки во коските
  • главоболка

 Скрининг во „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со софистицирана компјутерска томографија со која се добива намаленo зрачење и до 40%. На овој апарат е инсталирана специјална програма која овозможува ниски дози на зрачење за безбеден скрининг на белите дробови.

 

 

 

 

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!