Совети за подобрување на силата на мозокот

Како стареете, вашата меморија се влошува. Затоа, постојат неколку работи кои можете да ги применувате со цел да го вежбате вашиот мозок и да го забавите процесот на губење на меморијата. Најдобро решение за да ја подобрите когнитивната функцијата на мозокот и да превенирате Алцхајмерова болест е да бидете активни.
Докторите препорачуваат да бидете постојано активни, не само психички туку и на социјален план. Од овој аспект, свирењето на некој инструмент е активност која секако ќе направи голема разлика во одржувањето на когнитивното здравје.

Потоа, социјализирањето е исто така добар начин да го одржите вашиот мозок активен. Интеракцијата со другите има позитивен ефект врз вашиот мозок. Некои дури се одлучуваат да волонтираат,  или своето време да го посветат за да им помогнат на другите, и така да  ја подобрат својата ментална благосостојба. Други, пак, слободното време го поминуваат во читање книги или прават ментални вежби како што се редење сложувалка.

Набавете си игри кои се создадени да го развиваат вашиот мозок, како судоку, крстозбор или игри за меморија. Тие се добри стимулатори, но само додека не се усовршите во нив. Ако одеднаш ви станат премногу лесни, или одете на наредното потешко ниво или започнете нова игра.  Постојаното вежбање на мозокот може да биде од поголема полза кај мажите отколку кај жените во однос на спречување на Алцхајмеровата болест.

Покрај вежбите, консумирајте и здрава храна за здрав мозок. Јаболките се богати со витамини и минерали и се одлична храна за нашиот мозок. Но, и физичките вежби можат да влијаат на работата на мозокот. Затоа практикувајте секојдневно пешачење по еден километар.   

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!