Понекогаш се потребни неколку мали промени на навиките кои може да дадат извонредни резултати. Доколку имате проблем со варењето на храната, имате болки и надуеност на стомакот во текот на целата година, пробајте да направите мали промени во текот на летото. Со овие неколку совети ќе успеете да ја намалите надуеноста на стомакот и ќе се чувствувате лесно и удобно во костумот за капење.
Избегнувајте сол, мрсна храна, газирани сокови
Пред да се одлучите што ќе јадете запомнете дека солената и мрсна храна се непријател број еден на виткото тело. Газираните пијалаци ќе ве направат надуени и ќе го истакнат стомакот на плажа. Ако сте интолерантни на лактоза треба да избегнувате сладолед, млеко и млечни производи
Внимавајте на големината на оброкот
Обилен оброк може да предизвика надуеност, без разлика што и да содржи. Додека сте на одмор јадете помали оброци, неколкупати во денот за да избегнете тешкотии со варењето на храната и подуеност.
Не залажувајте се со брзата храна
Водата и пливањето ве уморуваат и ве прават гладни повеќе од вообичаено. Но, тоа не значи дека треба веднаш да седнете во првиот ресторан и да нарачате сендвич или друга брза храна.
Гответе правилно
Оставете го гравот или останатиот мешункаст зеленчук од вечер да отстои во вода. На тој начин ќе ви ги намали гасовите и чувството на надуеност.
Избегнувајте вишок голтање воздух
Постојат навики кои потсвесно може да предизвикаат голтање вишок воздух. За да ја избегнете оваа појава џвакајте ја храната со затворена уста, не џвакајте гума за џвакање, избегнувајте газирани пијалаци, јадете полека, не пијте течности со цевка и не пушете цигари.