Ендометриозата e состојба во која ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови на телото. Тaа може да ги зафати јајчниците, јајцеводот, надворешниот дел на матката, дебелото црево и други внатрешни регии. Како што доаѓа до хормонални промени за време на менструалните циклуси, ткивото се оштетува и може да предизвика болни атхезии или рани.
Симптоми на ендометриозата
Болките непосредно пред, за време на циклусот и по него се најчестите симптоми. Кај некои жени симптомите се јавуваат за време на сексуалниот однос и потоа и за време на придвижување на цревата или при уринирање. Понекогаш се чувствува бока и во пределот на карлицата и долниот дел на грбот. Многу жени кои имаат ендометриоза имаат благи, па дури и незабележителни симптоми. Симптомите можат да варираат во зависност од локацијата на израстоците.
Грчеви или ендометриоза?
Повеќето од жените имаат благи болки за време на нивниот циклус. Доколку болката трае повеќе од два дена, воздржете се од секојдневните активности, а доколку продолжи и по циклусот, обратете се кај вашиот гинеколог.
Ендометриозата и неплодноста
Понекогаш првиот и единствен симптом на оваа состојба е проблемот со забременување. Причините за ова сѐ уште не се познати, иако докторите најмногу се сомневаат во раните. Сепак, медицинскиот третман може да помогне во отстранување на некои од симптомите, а со тоа и лекување на неплодноста.
Кои се причините за ова заболување?
Причината за растењето на ендометриското ткиво надвор од матката не е позната, но докторите имаат неколку теории за тоа. Наследноста игра голема улога, така што некои ендометриски клетки можат да се најдат уште од самото раѓање. Друга теорија, пак, е дека ендометријалните клетки кои се содржат во менструалната крв наместо да излезат целосно надвор, се враќаат назад низ јајцеводите до карличната празнина. Овие клетки имаат способност да се лепат на органите и да растат и крвават во одредени периоди. Ова се само две од многуте теории за појавата на ендометриоза.
Ризична група:
Ова е почеста појава кај жените кои:
– Се во триесеттите и четириесеттите
– Никогаш немале деца
– Имаат менструални циклуси подолги од 7 дена
– Имаат циклуси помали од 28 дена
– Менструалните циклуси започнале на 12-годишна возраст
– Имаат мајка или сестра која имала ендометриоза
Третман:
Во зависност од типот на ендометриоза и фазата, постојат повеќе видови на третман.
Лековите за болка обично помагаат во намалување на болката и грчевите, но тие само ги лекуваат симптомите, не и ендометриозата.
Ексцизија
За време на лапораскопијата хирургот може да ги отстрани видливите израстоци и атхезии. Најчесто болката се губи, но симптомите можат да се вратат по одреден период. Затоа, најдобро е по операцијата да се препише хормонска терапија.
Отворена операција
Во најсериозните случаи на ендометриоза може да се примени лапаратомија или отворена хируршка интервенција на абдомен со цел да се отстранат израстоците, или хистеректомија, што подразбира отстранување на утерусот и во повеќето случаи јајчниците или дел од нив.