Што се фисури и како се третираат?

Голем дел од пациентите непријатните симптоми – болки, крвавења и чешање во аналната област ги препишуваат на хемороидите, но има и уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини (фисури).  Аналните пукнатинки се мали расцепи во пределот на анусот. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели.

Голем дел од пациентите непријатните симптоми – болки, крвавења и чешање во аналната област ги препишуваат на хемороидите, но има и уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини (фисури).  Аналните пукнатинки се мали расцепи во пределот на анусот. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели.

Како да ја спречиме нивната појава?

Постојат неколку едноставни превентивни мерки за да го намалите ризикот:

  • Пијте многу вода – хидратацијата помага да се избегне запекот
  • Земајте лекови кои ќе ја подобрат работата на дигестивниот систем
  • Внимавајте на исхраната и бидете сигурни дека внесувате многу растителни влакна. Одберете посно месо и риба наместо црвено месо. Немојте целосно да ги исклучите мастите од исхраната бидејќи одредена количина помага за подмачкување и правилно функционирање на дигестивниот тракт.

Ризик фактори

Отежнатото празнење, тврдата столица и вирусните инфекции може да доведат до нивна појава. Исто така, за причина се смета и дијареата.  Често се појавуваат по долго патување или по породување. Аналниот сексуален однос и неадекватен ректален преглед исто така може да доведат до појава на фисурите.

Компликации

Во мал број случаи аналната фисура може да биде и влезна врата за појава на перианални апсцеси (гноење) и трајно оштетување на внатрешниот свинктер на аналниот канал.

Дијагноза

Аналите пукнатини можат да бидат поплитки или подлабоки, а се дијагностицираат со анална инспекција со аноскоп и врз основа на тоа се прави и хируршката интервенција.

Лекување

Доколку имате проблеми, побарајте помош од вашиот лекар кој ќе ви постави дијагноза и ќе види дали станува збор за хемороиди, апцеси, инфекции или посериозни промени. Третманот најчесто почнува со промени во начини на живот и одредени лекарства. Доколку не се подобри состојбата решение е хируршки третман.

Топла бања – голем број пациенти чувствуваат подобрување кога ќе се релаксираат во топла бања по празнење на цревата. Водата не треба да е премногу топла, едноставно пријатна. Таа ќе ги релаксира мускулите.

Медицинска терапија – вашиот доктор ќе ви препорача лекови и масти кои ќе ја релаксираат мускулатурата околу аналниот отвор.

Хируршки третман – кога конзервативните третмани немаат ефект тогаш се преминува на хируршки третман. Еден од нив е ботокс третманот во пределот на анусот кој ги парализира мускулите и спречува појава на грчеви. Друга опција е внатрешна сфинктеротомија која го ослободува спазамот од оштетениот свинктер и се постигнува излекување.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!