Прочитајте што содржи храната пред да ја купите

Етикетите не се првото нешто што го забележуваме кога одбираме производ. Ситни букви, мала етикета, залепена на не толку видливо место па сосема е разбирливо и да ја пропуштиме. Голем број од нас и не разбираат што пишува на етикетата и не знаеме како да ги разбереме нутритивните вредности на производот.  Други, пак, не ги ни интересира што пишува. Но, етикетата е местото каде што можете да прочитате што всушност ќе јадете. Какви состојки има, колку шеќер содржи и други важни информации за производот. Да не заборавиме дека тука имате и информација за условите кои треба да ги обезбедите за да не се расипе производот, како што е температура на чување.

Информирајте се

На етикетата нема да прочитате колку е препорачаната количина на внес на шеќери и масти, но сигурно дека ќе прочитате колку шеќер и масти содржи производот.

Додадени шеќери

Додадените шеќери се шеќери кои се додаваат во процесот на подготовка на производот. Тука спаѓаат шеќери, сирупи, калорични засладувачи и концентрирани овошни сокови. Доколку нивното присуство е помало од 0.5 грама, на етикетата може да бидат напишани како 0 гр.

Најновите истражувања препорачуваат дека возрасните лица и децата поголеми од 4 години не треба да внесуваат додаден шеќер повеќе од 50 грама. За деца помали од 4 години препорачливата доза е максимум 25 грама дневно. 

Важно е да знаете дека претерувањето со блага храна која не содржи додаден шеќер може штетно да делува врз вашето здравје. Одберете храна која наместо шеќери содржи растителни влакна.

Прочитајте ги состојките

Ако сакате здрава храна, тогаш одбирајте сирови производи, а што помалку преработена и процесирана храна. Најздрав производ е оној чии состојки ви се познати и состојки кои може кревкиот организам на вашето дете да ги обработи. Долгата листа на состојки најчесто е знак дека овој производ не е за вашето дете.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!