Сѐ што треба да знаете за солзите


Солзите се корисни. Тие ги отсликуваат сите типови на чувства. Тие ви помагаат да гледате појасно, и ги плакнат вашите очи од нечистотии.

АНАТОМИЈА НА СОЛЗАТА

Солзите ја одржуваат влажноста на вашите очи, ги плакнат од нечистотии и спречуваат инфекции. Солзите за момент можат да ви го заматат погледот, но без нив работите би ги гледале многу позаматено.

sistina

Солзите се корисни. Тие ги отсликуваат сите типови на чувства. Тие ви помагаат да гледате појасно, и ги плакнат вашите очи од нечистотии.

АНАТОМИЈА НА СОЛЗАТА

Солзите ја одржуваат влажноста на вашите очи, ги плакнат од нечистотии и спречуваат инфекции. Солзите за момент можат да ви го заматат погледот, но без нив работите би ги гледале многу позаматено.

Постојат три вида солзи:

1. Базични солзи. Очите во текот на целиот ден се вртат во нив. Тие содржат масна течност, ципа, вода и сол и помагаат во борбата против инфекциите. Масната течност ги задржува солзите во внатрешноста на окото и ги штити од испарување. По пат на трепкање масната течност се пренесува низ целата површина на окото.

2. Иритирачки солзи. Овие солзи ги плакнат очите. Излегуваат од жлездите кои се наоѓаат под веѓите во моментите кога сечкате кромид, кога повраќате или кога имате прав во окото.

3. Психички солзи. Овие солзи излегуваат како резултат на силни емоции од типот на тага, болка, радост или бес. Содржат повеќе хормони и природни ублажувачи на болка од останатите солзи.

ЗОШТО СЕ СОЛЕНИ?

Сите течности во телото содржат помалку сол. Содржината на сол во солзите е слична со онаа во крвната плазма. Солта е потребна за нормално функционирање на телото.

ЗОШТО ПЛАЧАТ ЛУЃЕТО?

Емоционални причини – На овој начин се олеснувате. Се ослободува тензијата. Ви се подобрува психичката состојба. Физичка причина – Солзите имаат способност да ги исплакнат очите од токсини кои предизвикуваат стрес. Социјални причини – Во моментите кога изразувате болка, искреност, привлечност, аверзија.

Дали жените плачат почесто од мажите?

– Да. Околу 60%. Никој не знае на што се должи тоа. Но, постои хемикалија во „психичките солзи“ која се поврзува со произведувањето на мајчино млеко. Па и ова може да послужи како образложение. Исто така, мажите имаат помали канали на солзи.

Кога солзите излегуваат од носот?

– Оваа состојба и не е баш многу пријатна, но сосема е природна. Носот и очите се поврзани со тесни премини. На тој начин солзите им прават дренажа на носот и грлото.

Преголема количина на солзи

– Малите отвори во внатрешниот агол на очниот капак се во вид на канали. Кога сте настинати тие можат да потечат и да се затнат. Во тој момент солзите го преплавуваат вашето лице. Друга ваква ситуација се случува кога жлездите кои лачат солзи произведуваат мала количина на масна течност потребна за миксот на базичните солзи. Доколку имате ваков проблем, јавете се на лекар.

Суви очи

– Вашите очи можат да станат суви поради повеќе состојби предизвикани од атмосферски причини. Исто така, причината за ова може да биде и одредено заболување. Некои лекови, исто така, можат да предизвикаат „суви очи“. Денес аптеките се преполни со разни типови вештачки солзи кои служат за лекување на овој проблем. Доколку овој проблем ве мачи подолго, посетете доктор.

Неконтролирани солзи

– Постои една невролошка состојба која се нарекува патолошко смеење и плачење. Таа може да биде предизвикана од страна на Алцхајмеровата болест, мозочен удар или мозочно заболување.

Вистина или лага?

– Доколку првата солза излезе од десното око, се работи за среќна солза, доколку излезе од левото око, тогаш е тага. Одговор. НЕЕЕЕЕ.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!