Супер храна за здравје

Јагоди

Јагодата содржи витамин К, кој на многумина им недостасува. Овој витамин игра значајна улога во зајакнувањето и одржувањето на здравјето на коските. Јагодите се богати и со омега 3. Само една шолја јагоди содржи 5% омега 3 масни киселини, а помагаат во регулирањето на високиот крвен притисок и  згрутчувањето на крвта.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи високо ниво на фенол кој го поттикнува доброто расположение. Сепак, треба да се зема во мали количини бидејќи има многу калории.

Домати

Научно е докажано дека незаситените масти кои се наоѓаат во авокадото ги зајакнуваат својствата на ликопенот кој  има способност да ги уништува канцерозните клетки  и е застапен  во доматот, а со тоа го прави 4 пати поефективен.

Морков

Пресечениот морков наликува на човечко око и го зајакнува протокот на крвта до очите со што ја подобрува нивната функција.

Авокадо

Една половина авокадо содржи повеќе од 4 грама растителни влакна и 15 % од фолната киселина која ја задоволува дневната потреба. Исто така, авокадото е извор на моќ за подобра функција на срцето, богато е со мононезаситени масти и потазиум и го регулира холестеролот. Можете да го консумирате како сакате во комбинација со пилешко и риба или со вашиот омилен сос.

Цвекло

Цвеклото е полно со антиоксиданти. Докажано е дека цвеклото заштитува од создавање канцерозни клетки, срцеви заболувања и воспалувања. Цвеклото има природен и карактеристичен вкус, полно е со диетални влакна и витамин Ц и треба да се консумира постојано како прилог во кој било оброк.

Портокал

Еден портокал во денот ја обезбедува потребната доза витамин Ц во денот. Тој претставува динамитски засилувач на имунитетот. Научно е докажано дека витаминот Ц најдобро е да се консумира во природната форма. Покрај тоа, ова вкусно овошје е добар извор на диетални влакна, калциум и фолна киселина.

Папаја

Една шолја папаја задоволува 100% повеќе од потребното количество витамин Ц и фолна киселина во денот.  Папајата е добар извор на витамин А и Е, два моќни антиоксиданти кои ве заштитуваат од срцеви заболувања и канцер на дебело црево. Консумирајте го на разни начини, смуди, во салата или  јадете го свеж. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!