Контролирајте ја телесната тежина
Лицата со прекумерна телесна тежина имаат зголемен ризик за појава на карцином на дебело црево, дојки, хранопровод, панкреас и бубрези. Со зголемувањето на телесната тежина се зголемува и ризикот од појава на голем број заболувања како што се проблеми со кардиоваскуларното здравје, дијабетес, остеоартритис, слип апнеа и многу други. Затоа медицинските лица препорачуваат да ја одржувате нормалната телесна тежина во текот на живот.