Болка во дојките
Болката во дојките (масталгија) е еден од најчестите проблеми кај жените. Две недели пред менструалниот циклус покрај болката често се јавува и отекување и осетливост во дојките. Овие промени се намалуваат и исчезнуваат со почетокот на менструацијата. Болките во дојките кои не се поврзани со менструалниот циклус се резултат на претходна операција на дојките, болка која доаѓа од градната коска и вратните мускули, хормонални промени, психолошки причини, конзумирање кофеин и недостиг на некои важни масни киселини во исхраната.