Есенски дар на вашата трпеза – Јапонско јаболко
Јапонското јаболко е витаминска бомба која ги задоволува потребите од витамини и минерали кои на телото му се потребни во овој период од годината. Ова портокалово овошје кое потекнува од Кина изобилува со витамин А, Ц, бета комплекс, бета-каротен, ликопен, лутеинн, криптоксантин.
Со внесување на потребните состојки со кои јаболкото изобилува нашиот организам се заштитува од актуелните настинки и грип. Редовното консумирање го зајакнува имунитетот.