Техники за обележување

Местото на сомнителното ткиво кое е детектирано за отстранување како резултат на претходни испитувања се обележува пред операцијата. Методот на обележување со жица се спроведува на истиот ден со операцијата, додека поосетливиот РЛСЛ (ROLL) метод може да се примени и ден пред операцијата.

Што е тоа?

Кога ќе се донесе одлука да се отстрани сомнителното место што претходно било откриено со помош на имиџинг методи, но не можело да биде идентификувано со палпација, хирургот треба однапред да ги обележи тие делови со цел да ги пронајде во текот на операцијата.

Како се применува?

Обележувањето може да се направи со жица или со радиоактивна супстанца. Процесот се одвива во одделот за радиологија, со мамографија, ултразвучна или МР. Ткивото кое се отстранува во текот на операцијата се испраќа во одделот за радиологија и подлежи на имиџинг. На оваа слика наречена рендген слика од примерокот се испитува дали правилниот дел е отстранет или не и се известува хирургот. Следствено, станува збор за тимска работа и подобри резултати се постигнуваат кога истата е извршена од искусни доктори.

Обележување со жица

Овој процес се спроведува во истиот ден со операцијата. Додека пациентот е под дејство на локална анестезија, се поставува означувачка игла со тенка жица на сомнителното место. Потоа, иглата се отстранува оставајќи ја жицата внатре. Дел од жицата останува внатре, а дел е надвор од дојката. Делот кој останува надвор се прицврстува за дојката со фластер и се прават слики за да се види поставеноста на жицата. Процесот се одвива во одделот за радиологија и пациентот од таму оди во операционата сала. И покрај тоа што врвот на жицата е со кукаст облик за да се закачи за ткивото и да не се изместува, сепак, пациентот треба да биде многу внимателен за да не ја извлече жицата по грешка и да не ја движи раката премногу. Хирургот најпрво ја наоѓа жицата во текот на операцијата и потоа го отстранува ткивото кое ја опкружува.

РОЛЛ (Радионуклидна локализација на скриени лезии)

Со овој метод, по примањето на локална анестезија се поставува игла на сомнителното место и се вбризгува радиоактивен агенс. Потоа, преку истата игла се вбризгува контрастен агенс и се слика местото каде е направено обележувањето. За време на операцијата местото каде што се наоѓа радиоактивниот агенс се открива со помош на детектор за радиоактивни агенси наречен гама проб (Gamma prob). Имено, со движење на детекторот по дојката истиот дава предупредување кога ќе го препознае агенсот. Важни предности на овој процес се тоа што може да се направи еден ден пред операцијата, пациентот се чувствува поудобно и се спречуваат непотребни отстранувања на нормално ткиво. Со тоа се спречува и деформација на дојката, и создава сигурност за подобри естетски резултати. За хирурзите кои се искусни во оваа област, откривањето на сомнителното место за време на операцијата станува полесно. Треба да се истакне дека не постои значителен ризик од зрачењето со оглед на фактот дека се употребува многу мала доза на радиоактивен агенс.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!