Топ 5 прегледи за жени над 50 години

Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на  многу заболувања уште пред појавата на првите знаци или симптоми на болест. Превентивните прегледи водени од искусен лекар и насочени индивидуално, според вашите лични карактеристики – пол, возраст, медицинска и фамилијарна историја, можат да откријат одредени ризик фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања кои ви се закануваат.  Во овој број  ви препорачуваме 5 скрининг тестови за жени над 50-годишна возраст кои ќе ви помогнат да ги откриете болестите навреме бидејќи раната дијагноза може да ви го спаси животот. 

Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на  многу заболувања уште пред појавата на првите знаци или симптоми на болест. Превентивните прегледи водени од искусен лекар и насочени индивидуално, според вашите лични карактеристики – пол, возраст, медицинска и фамилијарна историја, можат да откријат одредени ризик фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања кои ви се закануваат.  Во овој број  ви препорачуваме 5 скрининг тестови за жени над 50-годишна возраст кои ќе ви помогнат да ги откриете болестите навреме бидејќи раната дијагноза може да ви го спаси животот. 

Tестови за карцином на дојки

Жените не смеат да го занемарат мамограмот како најмоќна алатка во раното откривање на ракот на дојката. Секоја жена на возраст од 40 години треба еднаш на две години да направи мамографија, а на возраст од 50 години овој скрининг треба да се спроведува кај секоја жена еднаш годишно. Мамографот претставува рендгенски преглед на дојки со чија помош може да се откријат тумори и во најмали димензии кои не можат да се откријат со самопреглед.

Tестови за остеопороза

Една од две жени постари од 50 години има скршеница како последица на остеопороза, која се карактеризира со губење на густината на коските. Остеопорозата е подмолна болест и најчесто не дава никакви тегоби во почетен стадиум. Во најголем број случаи се открива дури по првата скршеница. Затоа од голема важност е нејзино навремено дијагностицирање со цел да се спречи понатамошниот развој на болеста. Важи едно правило – дека секоја жена која е во менопауза или имала скршеница треба да направи DEXA скен за оценка на коскената густина!  

Скрининг за карцином на грло на матка

Околу 60 % од случаите на карцином на грлото на матката се дијагностицираат кај жени над 50 години. Целта на превентивните гинеколошки прегледи е откривање на промените на грлото на матката пред да се развие малигната болест. Што порано се дијагностицира, шансите за излекување се поголеми. Во почетниот стадиум болеста најчесто нема никакви симптоми. Се препорачува еднаш годишно секоја жена над 50 години да направи гинеколошки преглед кој вклучува  ехо и
ПАП тест.

Скрининг на срцеви заболувања

 Кај жените во менопауза кај кои нивото на естроген драстично се намалува, расте опасноста од срцев удар. Според истражувањата, кај една од 5 жени по 50 тата година се развива срцево заболување. Затоа кај оваа група жени се препорачуваат кардиолошки прегледи еднаш годишно кои вклучуваат интернистички преглед, ЕКГ, комплетна лабораторија и ехо на срце.  

Tестови за канцер на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево е трет по честота карцином во светот. Иако може да се јави и порано, најчест е кај жени по 50. година од животот. Една од дијагностичките процедури е тест за окултно крвавење и  се прави еднаш годишно. Доколку е позитивен потребно е да се направат дополнителни испитувања како колоноскопија, која претставува златен стандард во дијагноза на овој вид карцином. Се препорачува да се прави на секои 5 години кај жени постари од 50 години, а кај лицата со ризик и почесто. Ако постои позитивна фамилијарна историја за карцином на дебелото црево превентивните прегледи треба да започнат многу порано, уште на возраст од 40 години.

Прв специјализиран оддел за Check up

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот специјализиран оддел за check up, според највисоки светски стандарди. Новиот оддел за превентивни прегледи (Check up) се темели на индивидуалните потреби на клиентот. Сите испитувања се прават во еден ден, без чекање и метеж. Превентивните здравствени прегледи се наменети за лица кои немаат здравствени проблеми. Со овие прегледи се овозможува рана дијагноза на одредени заболувања, совети за здрав живот  и целосна контрола на телото.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!