Туширањето е основен дел од телесната хигиена. Некои луѓе сакаат да се тушираат со топла, додека некои со ладна вода. Придобивки имаат и едните и другите! Еве неколку објаснувања како оваа секојдневна навика влијае на вашето здравје.
Предности на туширањето со топла вода
Туширањето со топла вода може да ги ублажи болките во мускулите. Пуштете ја топлата вода да тече низ рамената, вратот и грбот за да се ублажат болките во овие делови од телото. Дел од истражувањата покажале дека туширањето со топла вода може да помогне во ослободување на окситоксин и го намалува стресот. Затоа, ако сте имале напорен и стресен ден истуширајте се со топла вода. Туширањето со топла вода исто така помага и во ублажување на симптомите при настинка и грип, како и искашлување и разредување на слузот.
Предности на туширањето со ладна вода
Туширањето со ладна вода е добро за телото. Со барем 5 минути стоење под ладен туш можете да си ја вратите енергијата. На тој начин веднаш ќе ја регулирате телесната температура, ќе го намалите уморот и ќе ја зголемите концентрацијата. Истражувањата покажале дека туширањето со ладна вода, во период од 2 до 3 минути, може да ги ублажи симптомите на депресија. Освен тоа добро е и за вашата коса и кожа. Топлата вода може да ја исуши кожата и косата, додека ладната помага за хидратација и превенција од оштетување на врвовите на косата.
Совет
Намалете го временскиот период на туширање. Дневно туширајте се околу 3 минути, никако подолго, а температурата на водата не треба да надминува 35 степени. Најдобра комбинација е топло- ладно. Ако веќе не можете цело време да се туширате само со ладна вода, изненадете го телото барем еднаш со ладен млаз – на тој начин ќе ја поттикнете циркулацијата.