Уринарната инконтиненција е неконтролирано испуштање на урината од мочниот меур. Доколку зачестено уринирате или имате зачестени нагони за мокрење, веднаш јавете се на доктор. Состојбата може да се излекува полесно отколку што можете да замислите!
Типови на уринарна инконтиненција
Постојат три ризик фактори за уринарна инконтиненција, и тоа стрес, нагон и комбинација на двете. Стресот претставува испуштање на урина при мал напор, од типот на кивање или кашлање. Уринарна инконтиненција предизвикана од силен нагон се случува во моментите кога доаѓа до грчење и контракции на мочниот меур. Третиот тип на уринарна инконтиненција е резултат на комбинација од овие две појави. Всушност, сите три типа можат да се излекуваат со помош на лекови.
Хируршки третман
Иако не постојат лекови кои третираат стрес инконтиненција, достапни се неколку хируршки интервенции. Најчестата интервенција се нарекува TVT (midurethral sling), односно ставање лента под уретерот. Оваа процедура се изведува со цел да се врати функцијата на свинтерот. Оваа интервенција влегува во амбулантските услуги и има стапка на успешност меѓу 90% и 95%. По овој зафат ретко се случуваат компликации од типот на крвавење, инфекции или потешкотии при мокрењето.
Следната процедура се нарекува инjекциска терапија и се спроведува со цел да се спречи стрес инконтиненцијата. Преку оваа процедура се врши инjектирање кое подоцна игра улога на вештачки уретер. Инjекциска терапија претставува амбулантска услуга и се изведува по пат на локална анестезија. Инјектирањата се изведуваат на секои 12 до 18 месеци, со што се зголемува стапката на успех.
Намалете го ризикот од ова заболување
Следете ги следниве чекори со цел да го намалите ризикот од стрес инконтиненција
– Одржувајте нормална тежина.
– Откажете се од пушењето цигари
– Правете вежби за карлицата во текот на бременоста
– Бидете во форма, постојано вежбајте и бидете активни.