Уринарни инфекции кај деца

Уринарните инфекции се најчесто заболување на уринарниот тракт и една од најчестите инфекции кај децата. Се дефинираат како инвазија на микроорганизмите во ткивото на уринарниот тракт. Доколку не се третираат навремено и правилно, може да доведат до оштетување на бубрезите.   

Уринарните инфекции се најчесто заболување на уринарниот тракт и една од најчестите инфекции кај децата. Се дефинираат како инвазија на микроорганизмите во ткивото на уринарниот тракт. Доколку не се третираат навремено и правилно, може да доведат до оштетување на бубрезите.   

Причина

Повеќето инфекции на уринарниот тракт  кај децата се предизвикани од бактерии кои влегуваат во мочниот меур и  патуваат преку мочоводните канали до бубрезите. Најчеста причина за инфекција се бактериите кои нормално живеат во дебелото црево и се присутни во столицата (Esherihia colli).

Причини за уринарни инфекции кај децата се:

– Нецелосно празнење на мочниот меур. Бактериите кои се задржуваат во мочниот меур може да предизвикаат инфекција.
-Вродени aномалии  на бубрезите и уринарниот тракт се најчеста причина за уринарна инфекција кај  доенчиња и мали деца.

– Опстипација- која е долго присутна.

– Слаб внес на течности, нарушени хигиенодиететски мерки.

Симптоми

Во детска возраст симптомите на уринарна инфекција зависат од јачината на инфекцијата и возраста на пациентот.

– Висока температура со треска често е единствен симптом кај акутна инфекција на бубрезите

(пиелонефритис).

– Болката во грбот е присутна кај поголеми деца кои може да ја искажат истата (над 3

– 5 годишна возраст).

– Чести и болни мокрења  на 5 до 10 мин, пецкање при мокрење, крв во урина без појава на покачена температура  имаат деца со акутен бактериски циститис (инфекција на бешиката).

– Во тек на првиот месец од животот симптомите за уринарна инфекција се неспецифични.

– Кај новороденчето и лесно покачена температура и симптоми како вознемиреност, грчеви, плачливост, помала желба за пиење млеко може да се знак за почеток на уринарна инфекција.

Дијагноза

Најбитно е навремено да се откријат факторите кои доведуваат до инфекција и до оштетување на бубрегот: вродени или стекнати мани на уринарен тракт ( везикоуретерален рефлукс- враќање на урината од бешиката кон бубрезите) , камчиња.

Ако инфекциите често се повтроуваат може да dovedat do  прогресивно создавање na бубрежни  лузни. Се прават испитувања кај децата за точно испитување на причината: радиолошки испитувања : ехо преглед (на бубрезите, уретерi и бешика), микциона цистоуретрографија (МЦУГ), интравенска пиелографија (ИВП), радиоизотопски испитувања (ДРЦГ, ДМСА-скен на бубрези), магнетна урографија.

Третман на уринарни инфекции

Потребна е брза, точна дијагноза, избор на вистински антибиотик и одреден временски период на лекување на уринарните инфекции. Лекувањето на инфекциите на бешиката (цистити) се спроведува со давање антибиотици во вид на сирупи или таблетки во тек на 5-7 дена, внес на голема количина течности,чај од брусница.

Ако детето е со висока температура (значи има инфекција на бубрезите) и е интоксицирано, дехидрирано, или не може да прима течности преку уста, почетната  терапија треба да се започне со инфузија и детето да се хоспитализира во болница. Со тоа треба да се елиминира акутната инфекција, да се намали можноста за бубрежно оштетување. Клиничката состојба на поголем број пациенти се подобрува за 24 до 48 часа, а лекувањето со антибиотици треба да продолжи  вкупно во тек на 10-14 дена.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!