Уринарните инфекции се најчесто заболување на уринарниот тракт и една од најчестите инфекции кај децата. Се дефинираат како инвазија на микроорганизми во ткивото на уринарниот тракт (или лабораториски присуство на сигнификантен број на бактерии во уринате-позитивна уринокултура). Доколку не се третираат навремено и правилно, може да доведат до оштетување на бубрезите. За поделбата, нивната застапеност, симптомите и лекувањето на уринарните инфекции во детска возраст разговаравме со доктор Надица Ристоска Бојковска, педијатар нефролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.