Вашето срце во 3D

По електрокардиограмот (ЕКГ), ехокардиографијата, или ехо, е најчесто неинванзивно испитување на срцето. Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објаснува дека кардиолошкиот преглед денес не е целосен ако не се направи ехо на срце. Ова испитување служи за мерење на големината на сите делови од срцето, „пумпната сила“ на срцето, како и градбата и функцијата на валвулите, т. е. залистоците. Овие параметри овозможуваат откривање на различни болести на срцето, следење на текот на болеста и ефектите од лекувањето.

Недостатоци на класичното ехо на срце (дводимензионална ехокардиографија)

Досега во секојдневните прегледи се користеше дводимензионална ехокардиографија каде деловите од срцето се гледаат како слика со две димензии. Овој преглед има свои недостатоци поради тој дводимензионален приказ на срцето. Се јавуваат големи разлики во измерените вредности на големината на срцето бидејќи мерењата многу зависат од аголот под кој се гледа срцето. Овие разлики се особено видливи кај пациенти со одредена градба на телото како угоени луѓе, изрaзено слаби, луѓе со широк граден кош и др. Исто така, одредени делови од срцето тешко се прикажуваат поради што се можни грешки во поставувањето на дијагнозата.

Тродинензионален приказ на срцето во реално време „во живо“

Сите овие недостатоци се надминуваат со новата генерација ултразвучни апарати со тродимензионален приказ на срцето. При тоа срцето, односно делови од срцето се гледаат како „скулптура“ во три димензии, за време на прегледот (real time 3D). Co 3D ехокардиографијата добиваме реални и прецизни мерења на срцевите шуплини, како на пр. волуменот, и да се следат и најмали отстапувања од нормалата, за разлика од 2D ехото кое ја нема таа осетливот. Ова е особено значајно за следење на ефектите во текот на лекувањето. Навремената проценка ќе овозможи да се сменат лековите или дозата на лекови пред да настане влошување на здравствената состојба.

Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, објаснува: „Кај пациентите со срцев удар правиме колку што е можно побрзо коронарографија (сликање на срцевите артерии) и потоа се отвора затворената артерија со поставување стент. Но, лекувањето тука не завршува туку продолжува со редовни ехо контроли на срцето. Сега, со најновата опрема која ја имаме на нашиот оддел, 3D ехото на срце е рутина што ја користиме во секојдневната работа. Ова ехо овозможува да ги следиме сите промени на срцевиот мускул, и зависно од резултатите да ги менуваме лековит, е односно нивната доза“.

3D ехото овозможува да откриеме и најмали промени во срцевата функција, кога пациентите се уште не чувствуваат тегоби и кога со обичното 2D ехо на срце се добива нормален наод. Раното откривање на овие болести овозможува и успешно лекување. За разлика од 2D ехокардиографијата, овие 3D мерења се многу брзи, пациентот брзо ги добива резултатите и без големи разлики во цената на прегледот. Клиничката болница „Аџибадем Систина” е опремена со најсовремен ехо апарат од американскиот производител GE, Е 95, кој светска премиера имаше пред четири месеци.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!