Витални и по 60 – Храна за долг живот

Антиоксидансите и стареењето

Јадете храна богата со антиоксиданси, таа ќе ви помогне во борбата против слободните радикали - нестабилни кислородни молекули кои придонесуваат кон процесот на стареење. Антиоксидансите можат да се најдат во шарениот зеленчук и овошја, како бобинки, цвекло и домати. Тие се добри за урамнотежена исхрана, го намалуваат ризикот од појава на канцер и срцеви заболувања. Затоа, секој ден јадете 5-9 парчиња овошје или зеленчук.

Антиоксидансите и стареењето

Јадете храна богата со антиоксиданси, таа ќе ви помогне во борбата против слободните радикали – нестабилни кислородни молекули кои придонесуваат кон процесот на стареење. Антиоксидансите можат да се најдат во шарениот зеленчук и овошја, како бобинки, цвекло и домати. Тие се добри за урамнотежена исхрана, го намалуваат ризикот од појава на канцер и срцеви заболувања. Затоа, секој ден јадете 5-9 парчиња овошје или зеленчук.

Маслиново масло

Маслиновото масло спаѓа во групата на мононезаситени масти кои позитивно влијаат на меморијата. Една студија покажа дека маслиновото масло влијае на зголемување на ХДЛ, добриот холестерол кој ги чисти мастите од ѕидовите на крвните садови – состојба позната како атеросклероза.

Предности на шумски плодови

Бобинки се одличен извор на антиоксиданси. Јагоди, боровинки се само некои од овошјата богати со полифенол. Овие моќни состојки може да помогнат во борбата против карциномот и дегенеративни заболувања на мозокот. Замрзнатите плодови содржат полифеноли, исто така. Замрзнете ги и уживајте во нивните благодети преку целата година.

Риба

Се смета дека рибата е храна за мозокот бидејќи нејзините масни киселини, DHA и EPA, се важни за развој на мозокот и нервниот систем. Затоа, земете салата со туна или лосос наместо пилешко месо. Јадењето риба 1-2 пати неделно, исто така, може да го намали ризикот од деменција. Омега-3 масти кои се наоѓаат во масната риба можат да го намалат нивото на холестерол и триглицериди. Таа, исто така, може да помогне во олеснување на воспаление што доведува до атеросклероза.

Грав

Додадете грав во вашата исхрана три до четирипати неделно. Влакната кои се наоѓаат во гравот може да ви помогнат во намалување на крвниот притисок, подобрување на холестеролот, да го спречат запекот и да ви помогнат во варењето. Бидејќи гравот има добра хранлива вредност, подолго време се чувствуваме сито. Гравот содржи сложени јаглехидрати кои помагаат во регулирањето на нивоата на гликоза, што е важно за луѓето со дијабетес.

Зеленчук

Зеленчукот содржи многу растителни влакна, фитонутритиенти, витамини и минерали кои можат да ве заштитат од хронични болести. Темнолиснатиот зеленчук содржи витамин К, кој е неопходен за силни коски. Слаткиот компир и морковите содржат витамин А, кој помага за здравјето на  очите и кожата. Истражувањата покажуваат дека една порција домати секој ден може да го спречи оштетување на ДНК, кои  се поврзани со развојот на рак на простата.

Ореви

Без разлика дали ќе ги јадете цели или како додаток во некоја храна, оревите се преполни со протеини и други хранливи материи. Бадемите, пак, се богати со витамин Е, антиоксидант кој го штити телото од оштетување на клетките и го зголемува имунолошкиот систем. Незаситените масти кои ги има во оревите може да ви помогнат да се намали ЛДЛ и да се подигне ХДЛ холестерол. Но, тие содржат и многу калории, па затоа не претерувајте!   

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!