Задолжителни продукти на женското мени

Дали знаете дека постојат продукти кои никако не смеат да недостигаат на женското мени – без оглед на тоа на која годишна возраст се припадничките на понежниот пол. Такви продукти се  доматите, гравот, рибата, оревите и брусницата.

Дали знаете дека постојат продукти кои никако не смеат да недостигаат на женското мени – без оглед на тоа на која годишна возраст се припадничките на понежниот пол. Такви продукти се  доматите, гравот, рибата, оревите и брусницата.

Домати

Доматот е исклучително здрава храна и би требало да се јаде во што е можно поголеми количества. Лушпата на доматот е богата со биофлавоноиди, кои помагаат за намалување на алергиски реакции и воспаленија. Неговите состојки влијаат на хормонот лептин, кој го контролира апетитот и помага при слабеењето. Исто така, доматот е голем извор на калиум и витамини: А, Ц, Е и фолна киселина. Го содржи и антиоксидансот ликопен кој го намалува настанувањето на карцином на дојка за дури 50%. Доматот помага и при регулација на крвниот притисок и лошиот холестерол.

Грав

Гравот е супер храна за вашето здравје. Дали ќе го јадете варен, во салата или како тавче гравче зависи од вас, но тој ќе ја подобри вашата крвна слика, ќе го намали лошиот холестерол и шеќерот, но и ќе ве заштити од болестите на срцето. Тој е еден од најдобрите растителни извори на протеини, сиромашен е со калории, масти и со натриум. Од минералите, гравот содржи бакар, железо, фосфор, манган, магнезиум, а е добар извор и на калциум и на цинк.
Од витамините, гравот е одличен извор на фолна киселина, тијамин, витамините Б6, Б2, Б3 и К.

Риба

Сите видови риби се одличен извор на квалитетни протеини, па затоа рибата би требало да се консумира на дневна основа или најмалку двапати неделно. Покрај овие високо-квалитетни протеини, рибата содржи и помали количества на заситени маснотии, а практично нема јаглехидрати. Препорачливо е да се јаде риба која живее во ладни води, како лосос и сардина на пример. Рибата е исто така и одличен извор на Омега-3 масни киселини.  Го штити женското срце и крвните садови.

Орев

Оревот е познат како прочистувач на крвта, но се користи и за лекување на белодробни заболувања, воспаленија на цревата, ги јакне мускулите и видот. Јатката содржи многу белковини, јаглехидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б и Ц, железо. Делотворен е и за депресија.

Брусница

Брусницата е тврда, црвена бобинка со нискокалорична вредност, богата со витамини, посебно со витамин Ц, минерали, полифеноли, органски киселини, шеќери. Изобилува со хипурични киселини, природни антибиотик кој има изразено дејство на габите, го намалува нивото на шеќерот во крвта и доведува до зголемување на содржината на добар холестерол. Она по што брусницата најмногу се цени е нејзиното благотворно делување на различни воспаленија и инфекции на уринарниот тракт. Делува и на најчестата и најнезгодната бактерија во уринарниот систем, ешерихија коли, а најновите истражувања покажуваат дека ова овошје делува и на уште една опасна бактерија – хелиобактер пилори, кој е најчест предизвикувач на чир во желудникот.

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!