Справувањето со стресот и расположението се многу тесно поврзани. Доколку знаете да се справите со стресот нема да дозволите покачување на крвниот притисок, зголемување на нивото на шеќери во крвта итн. Употребете ги овие стратегии за смирување со цел да го запрете стресот.
Следниот пат кога ќе бидете многу нервозни земете гума за џвакање. Според истражувањата, гумите за џвакање ја намалуваат анксиозноста и стресот. Едни велат дека ова се случува бидејќи ритмичкото дејство на џвакањето го подобрува дотокот на крв до мозокот, други, пак, сметаат дека мирисот и вкусот на гумата за џвакање му помагаат на телото да се опушти.
Поминете малку време надвор од градот, па макар и блиску до него. Ова е поврзано со подобра благосостојба. Се наоѓате во природа и, најверојатно, сте активни (пешачите или планинарите). Само неколку минути можат да го променат вашето расположение.
Кога сте нервозни пробајте да се насмевнете. Доволно е само само да ги затегнете мускулите околу очите и устата и да изглумите насмевка за да го намалите стресот.
Некои мириси од типот на лаванда може да ве смират. Една студија ја тестирала оваа состојба на две групи медицински сестри, со тоа што гардеробата на едната група сестри ја полиле со мала количина масло од лаванда. Токму овие сестри чувствувале помалку стрес. Лавандата може да го интензивира дејството на аналгетици за болка и лековите против анксиозност.
Слушањето музика, исто така, е добра алатка за справувањето со стресот.
Можете да почувствувате стрес во одреден момент иако претходната секунда сте биле во нормална состојба. Затоа, во вакви ситуации најдобро е да бидете сами на тивко место и во удобно седната положба. Земете воздух од носот, наполнете ги градите и долниот дел на стомакот. Дишете бавно повторувајќи го истиот процес 10 минути.
Сите ние постојано имаме река од мисли кои ни „протрчуваат“ низ главата. Понекогаш тоа што ќе си го кажеме себеси и не е толку добро. Сè што треба да направите е да останете позитивни. Зборувајте самите со себе на убав и охрабрувачки начин, исто како кога зборувате со близок пријател кога има потреба од вашиот совет.