Честопати промените на телото како резултат на алергиска реакција ги занемаруваме или ги препишуваме на друга состојба. Затнатиот нос не секогаш е симптом на настинка, туку може да биде знак за нетретирана алергија. Прочитајте кои се знаците кои даваат сигнал дека алергиската реакција е надвор од контрола.
Темни кругови под очите
Темните кругови под очите и насолзени очи се уште еден знак дека имате алергија. Темните кругови се јавуваат поради долготрајно чешање на очите. Симптомите како што се чешање, кивање, течење на носот и солзење на очите може да се контролираат со помош на хистаминици. Доколку веќе примате терапија а не гледате никакво подобрување и повлекување на симптомите, разговарајте со вашиот лекар.
Хронично затнат нос
Затнатиот нос кој се јавува кога сте настинати или болни најчесто трае една до две недели. Доколку симптомите не поминуваат и траат подолго време, тогаш можно е да се работи за алергиска реакција. За време на алергиската реакција слузницата на носот се задебелува и лачи поголема количина слуз. Ова може да предизвика притисок на синусите и појава на глкавоболка. Лекарствата за намалување на затнатоста на носот ќе ви ги олеснат симптомите за одредено време. За правилно третирање на симптомите посетете алерголог.
Свирење на градите
Свирењето на градите најчесто е поврзано со астмата, но може да биде и знак на сериозна алергиска реакција. Карактеристичниот свиреж на градите се случува како резултат на минување на воздухот низ стеснатите дишни патишта. Честопати ваквата состојба бара итна реакција. Доколку имате ваков симптом, веднаш известете го вашиот лекар.
Чешање на кожата
Чешање на кожата најчесто се јавува доколку имате сува кожа. Но, доколку чешањето таре подолго време и доколку е придружено со црвенило / егзем тогаш можно е ова да биде уште еден знак на алергиска реакција. Виновник за ваквата реакицја на кожата може да биде одреден сапун, детергент, контакт со животни или сл.
Проблеми со концентрацијата
Чешањето, затнатиот нос и иритабилната кожа може да бидат причина за намалената концентрација. Доколку забелжеите дека не можете да се фокусирате на одредена задача разговарајте со вашиот доктор во врска со промена на терапијата.
Замор
Алергијата може да ви ја намали енергијата. Во прво време симптомите може да го нарушат квалитетот на спиењето а исто така делуваат и на имуниот систем што може да доведе до замор. Виновник за чувството на замор може да биде и користењето на антихистаминиците. Зборувајте со вашиот лекар доколку заморот трае подолго време.
Депресија
Одредени истражувања ја поврзуваат алергијата со промена на расположението, особено потенцирајќи ја врската меѓу сезонските алергии и депресијата.