Знаци кои укажуваат на зголемен внес на токсини

Многу често состојбите како што се главоболката, зголемената тежина или лошиот здив не ги сфаќаме сериозно. Но, токму поради овие работи не успеваме да ги завршуваме дневните обврски и многу брзо ја губиме концентрацијата. За тоа како да се ослободиме од нив и која е причината за овие непријатни појави, одговорот можеме да го побараме во вишокот токсини кои константно ги внесуваме.

Многу често состојбите како што се главоболката, зголемената тежина или лошиот здив не ги сфаќаме сериозно. Но, токму поради овие работи не успеваме да ги завршуваме дневните обврски и многу брзо ја губиме концентрацијата. За тоа како да се ослободиме од нив и која е причината за овие непријатни појави, одговорот можеме да го побараме во вишокот токсини кои константно ги внесуваме.

Следниве неколку знаци укажуваат на зголемен внес на токсини во телото.

Проблеми со тежината

Не е лесно да го симнете вишокот килограми, но ако и покрај секојдневното напорно вежбање и прецизно одбраната храна вашата тежина и понатаму е прекумерна, тогаш можеби вашиот проблем е од хормонска природа. Поради тоа, многу е битно да знаете дека прекумерната количина токсини со кои вашето тело секојдневно се справува може да ја наруши и работата на жлездите. За таа цел, потребна ви е комплетна детоксикација на телото со што би ја вратиле природната рамнотежа на хормоните.

Лош здив

Иако често користите гуми за џвакање и многу внимавате на оралната хигиена, вашиот лош здив дури и самите можете да го почувствувате. Причина за лошиот здив најчесто е проблеми со варењето на храната, но честопати се поврзува и со зголемениот внес на токсини во телото.

Запек

Нашите црева секојдневно примаат многу токсини и помагаат во соочувањето на телото со истите. Кога имаме проблеми со запек сите токсини се задржуваат во делот на дигестивниот тракт. Оваа состојба негативно влијае на целото тело. Болка во главата или во другите делови од телото и заморот се само некои од последиците на опстипацијата. Доколку вашата исхрана содржи премногу хемикалии и пестициди, тогаш токсините се неизбежни, а како резултат на тоа следат и проблеми поврзани со нередовното празнење на цревата.

Постојан замор

Сигурно многупати ви се случило да се разбудите мамурни иако добро и долго сте спиеле. Единствено на што размислувате ви е како да го поминете денот исполнет со многу обврски. Ова може да биде резултат на вишок токсини во телото кои вашиот организам се труди да ги исфрли. Како да се изборите против оваа состојба? Најголемиот процент од нас ќе се одлучат за огромна шолја кафе или слатки. Нормално дека ќе згрешите. Кофеинот и шеќерот само ќе ви го зголемат проблемот и уште толку ќе ги оптоварат веќе задушените метаболички процеси. 

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!