Зошто децата го сакаат 1 април

Децата сакаат да се маскираат, и не само за 1 април. Секогаш се поистоветуваат со супер хероите кои ги гледаат на цртаните филмови. Бетмен, Супермен, Спајдермен кај момчињата, Снежана, Елса, Пепелашка кај девојчињата и уште многу други маски се дел од омилените на многу дечиња. Гледајќи ги сите овие мали лица, обоени и насмеани измамуваат насмевка на лицата.

Зошто е убаво децата да се поистоветуваат со цртаните јунаци?

Кој е позитивниот ефект од поистоветувањето на децата со овие суперјунаци кои секојдневно ги гледаат и имитираат?  Ќе се согласите дека децата сакаат да ги имитираат суперхероите и да се борат со лошите ликови користејќи ја нивната супермоќ.

Поистоветувањето со измислените јунаци помага да се поттикне когнитивниот развој на децата преку развивање на креативноста и имагинацијата. Преку имитација децата учат многу нешта додека се мали. Суперхероите се важни и за развивањето на моралот и со нивните постапки ги учат децата да не бидат себични бидејќи секој од суперхероите им помага на другите и се бори со неправдата во светот. Од друга страна, преку игра децата ги изразуваат и своите стравови, анксиозноста и фрустрациите.

Маскенбалот е интересен и забавен настан за сите деца. На овој ден имаат можност да ја развијат својата креативност и имагинација, да бидат суперхерои и да се дружат со цртаните јунаци. Исполнете му ја желбата на вашето дете и помогнете му да влезе во светот на бајките.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!