Секој од нас одвреме навреме се чувствува многу уморен. Непреспиени ноќи, секојдневен стрес на работното место, семејни проблеми – сè си зема свој данок. Но кога постојано се чувствувате уморни значи дека ви недостига енергија. Еве неколку начини како да бидете полни со енергија и сила.
Внесете шеќер
Шеќерот обезбедува брза енергија и ни го крева расположението кога се чувствуваме депресивно. Но, важно е да се напомене дека треба да внимаваме да не внесуваме многу шеќер. Проблемот е во тоа што шеќерот ни дава енергија во вид на чисти калории и ништо друго. Поради тоа организмот треба да користи други материи за негово варење и тоа влијае на нашето здравје. Препорачана дневна доза ни се околу 90 грама шеќер – две лименки или 8 чоколадни колачиња.
Кофеин
Кофеинот во кафето го забрзува метаболизмот, ја зголемува концентрацијата и го покачува нивото на енергија. Сепак, пиењето кафе на празен стомак и не е најумното нешто што можете да го направите. Пред да се напиете кафе, каснете барем еден овошен плод. Кофеинот го има и во чајот, па дури и чоколадото.
Вежбајте
По долгиот и напорен работен ден, вежбањето веројатно е последното нешто што би ви паднало на ум да го направите. Но, факт е дека доколку добро се испотите, ќе имате повеќе енергија. Заморот, во комбинација со променливото расположение и депресијата, ќе исчезнат максимум за пола час по вежбање со умерено темпо.
Хранете се здраво
Никогаш не го прескокнувајте појадокот, внесувајте многу зеленчук и овошје и, секако, пијте многу вода. Не заборавајте дека и јаткастите плодови се добар избор за многу енергија. На овој начин ќе имате многу енергија!