Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

НАЈЧЕСТИ БОЛЕСТИ НА ’РБЕТОТ

СИМПТОМИ

Најчестите болести на ’рбетот се тие од дегенеративна природа – состојба при која доаѓа до постепено нарушување на нормалната градба и функција на ‘рбетот. Овој процес е неминовен со годините, но не е кај сите подеднакво застапен, вели д-р Љуљзим Агаи, специјалист по неврохирургија. Многу фактори влијаат врз здравјето на ’рбетот, почнувајќи од професијата (работна активност со премногу седење, кревање на тешки товари), генетската предиспозиција, навиките (пушачите страдаат повеќе), секојдневните навики (пасивен начин на живеење, живот без физички активности) итн. „Во рамки на дегенеративните промени, најчести се дискалните хернијации, стенозите (стеснувањата) на ’рбетниот канал, спондилозите (изместувањата на прешлените), артротските промени. Поретките болести вклучуваат тумори, инфекции, крвавења во ’рбетот и нежните структури во неговата внатрешност. Да не ги заборавиме и повредите на грбот, кои бараат внимателна проценка и лекување“, вели д-р Агаи.

НАЈЧЕСТИ БОЛЕСТИ НА ’РБЕТОТ 21 ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Најбитен е лекарскиот преглед и разговорот со самиот пациент/пациентка, за добивање на прецизни информации за текот на тегобите. Многу е битно да се запознае лекарот со животните навики на болниот, со здравствената состојба, професијата. „Болката е основен мотив кој ги поттикнува пациентите да побараат помош, но има други, на прв поглед ‘безначајни’ симптоми, кои лекарот треба да ги препознае и да укаже на нивната важност. Тука спаѓаат на пример губење на контролата врз мокрењето, губење на мускулната сила на одредени групи мускули. Овие тегоби се многу битни и треба да се препознаат што е можно побргу, за да се преземат соодветни чекори на дијагностицирање и лекување“, објаснува д-р Агаи. Врз основа на податоците што се добиваат од прегледот на пациентот, по потреба се препорачуваат дополнителни иследувања – обичен рендген на одреден сегмент од ’рбетот или магнетна резонанца Понекогаш се бара и компјутеризирана томографија и ЕМГ (електромиографија – испитувања на функцијата на мускулите). Битни се и лабораториските претраги.

КОИ БОЛЕСТИ НА ’РБЕТ МОЖЕ ДА СЕ ТРЕТИРААТ ХИРУРШКИ, А КОИ НЕ?

Секој пациент се лекува индивидуално, нема однапред подготвени протоколи за лекување. Кај дегенеративните болести на ’рбетот начинот на лекување се одредува откако ќе се прегледа детално пациентот и ќе се анализираат внимателно направените радиолошки и лабораториски иследувања. „На добар дел од пациентите со болки во грбот им препорачуваме физикална терапија и промена на секојдневните животни навики, кои подразбираат помалку седење и повеќе движење. Кај пациентите со неиздржливи болки и/или со мускулна слабост на нозете и потешкотии со контрола на мокрењето како последица од болеста на ‘рбетот, препорачуваме хируршко лекување“, вели д-р Агаи.

КОИ ФАКТОРИ ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ `РБЕТНИТЕ БОЛЕСТИ

Нездравите навики се битен фактор за страдањето на ‘рбетот. Современиот човек премногу седи. Тоа беше карактеристика и на луѓето од дваесеттиот век, но оваа тенденција е уште поизразена во новиот милениум. Седењето е активност која е многу штетна за ’рбетот, затоа треба да се прават почести паузи од предолгите седења. Нездравата исхрана исто е штетна за нашиот грб, првенствено поради прекумерната телесна тежина. Недостатокот на физичката активност е дополнителен штетен фактор, поради фактот што мускулите хипотрофираат. Следете ги овие неколку совети и препораки од д-р Aгаи бидејќи здравиот ’рбет е важен за целото здравје, тој служи како столб кој исправено го држи телото и го заштитува ’рбетниот мозок.

1. Практикувајте постојано да имате исправно држење додека стоите, седите, лежите, пешачите или кревате товар. За тоа што е исправно држење на телото при разни ситуации може да се консултирате со специјалист физијатар.

2. Потрудете се да ја одржувате телесната тежина соодветна за вашата висина.

3. Пешачете, вежбајте аеробик, пливајте, истегнувајте се со цел да го подобрите вашето ниво на активност. Така ќе бидете поотпорни на повреди, и побргу ќе заздравите од повреда.

4. Носете добро избалансирани, удобни и меки обувки.

5. Откажете се од цигарите, пушачите се соочуваат со повеќе болки во грбот кои многу побавно се лекуваат.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!