10 ризик фактори за карцином на дојка

Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува кај жени, додека застапеноста кај мажите е помалку од 1%.

Возраст: Карцином на дојка се јавува кај жените над 50-годишна возраст, додека поретко се јавува кај жени под 35 години. Во САД од 2000 до 2004 година карцином на дојка бил присутен кај 25 од 100 илјади жени на возраст од 30-34, кај 190 од 100 илјади жени на возраст од 45-49, и 455 од 100 илјади жени на возраст од 70-74. Наследниот карцином на дојка или карцином на дојка предизвикан од генетски нарушувања најчесто е присутен кај помладите жени.

Семејна историја: Многу важен фактор на ризик е доколку некој во потесното семејство, особено од страна на мајката (мајка, тетка, баба и ќерка) имал карцином. Ризикот е дури поголем доколку овие роднини имале карцином на дојка пред менопауза и/или имале операција на двете дојки.

Хормон естроген: Колку порано жената првпат добила менструација (на пример пред 12-годишна возраст) толку подоцна таа влегува во менопауза (на пример на 55 години) и ризикот од карцином на дојката е повисок. Се смета дека користењето апчиња за контрацепција го зголемува ризикот од карцином на дојка.

Хормонска терапија за периодот по менопауза: Долготрајното користење (пет години или повеќе) на комбинирани хормонски лекови кои содржат естроген и медроксипрогестерон ацетат, пропишани од страна на акушери и гинеколози со цел да ги намалат проблемите за време на менопаузата, како што се топлите бранови, го зголемува ризикот од карцином на дојка повеќе од нивните копии кои содржат само естроген.

Претходна биопсија на дојка: Секундарните хиперплазии кои може да се откријат при биопсија на дојка го зголемуваат ризикот за карцином на дојка за 1,5-2 пати (незначително), атипична дуктална хиперплазија за 3-5 пати (умерено) и лобуларен карцином ин ситу (на свое место – не се шири), или атипична дуктална хиперплазија или лобуларна хиперплазија проследена со семејна историја за 8-10 пати (високо).

Историја на карцином на дојка: Претходното постоење на карцином во едната дојка речиси двојно го зголемува ризикот од карцином во другата.

Радиотерапија: Пациентите кои биле на зрачење на дојките поради други видови карциноми во детството (лимфом и слично) имаат поголема веројатност од појава на карцином на дојка.

Исхрана и фактори на опкружување: Исхраната богата со масти и угоеноста го зголемуваат ризикот од појава на карцином на дојка особено кај жените во менопауза. Додека конзумирањето алкохол (повеќе од една чаша на ден), исто така, го зголемува ризикот, ефектот од пушењето сè уште се дебатира. Од друга страна, познато е дека редовното вежбање и физичка активност го намалуваат ризикот од карцином на дојка.

Генетски нарушувања: Наследните гени на карцином на дојка (БРЦА 1 и БРЦА 2 ) опфаќаат 5-10% од сите случаи на карцином на дојка.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!