Користете презерватив
Летните одмори понекогаш можат да ви донесат и сексуално преносливи болести. Се пренесуваат преку сексуален однос без заштита или со често менување на партнерите. Најдобра заштита од сексуално преносливите инфекции овозможува презервативот. Употребата на други контрацептивни методи, како на пример таблети, спирала и сл. не се заштита од овие инфекции.
Најчести сексуално преносливи инфекции се инфекциите Chlamydia, Trichomonas, Gonorrhoea, HSV (herpes simplex virus), HPV (human papiloma virus)
Која е разликата меѓу настинка и алергиски ринит?
Пролет е, температурата расте, а вам носот ви е затнат и ви тече, често кивате, а главата ви тежи. Прво што ќе помислите е дека имате настинка. Но, овие симптоми предупредуваат и за хронично воспаление на носната лигавица – алергискиот ринит. Алергискиот ринитис е хронично воспаление на носната лигавица кое се манифестира со симптоми слични на настинката.
Ваквите симптоми се предизвикани од алергиската реакција на алергени, од кои најчести се: полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).