Која е разликата меѓу настинка и алергиски ринит?

Пролет е, температурата расте, а вам носот ви е затнат и ви тече, често кивате, а главата ви тежи. Прво што ќе помислите е дека имате настинка. Но, овие симптоми предупредуваат и за хронично воспаление на носната лигавица – алергискиот ринит. Алергискиот ринитис е хронично воспаление на носната лигавица кое се манифестира со симптоми слични на настинката.

Ваквите симптоми се предизвикани од алергиската реакција на алергени, од кои најчести се: полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).

sistina

Постојат две теории за појавата на алергиските ринити, хигенска и еколошка.

– Хигенската теорија се базира на недоволна изложеност на организмот на бактериски и вирусни инфекции ( на пример, прекумерена употреба на антибиотици).
– Еколошката теорија се базира на прекумерната изложеност на фактори од околината кои се потенцијални алергени  (на пример средства за одржување хигена, чувањето домашни миленичиња, високото ниво на конзерванси во храната и сл.)

Кои се симптомите на алергиски ринит?

Симптомите обично се јавуваат непосредно по изложувањето на специфичниот алерген, а се манифестираат со :

– течење на бистар секрет од носот
– затнат нос
– кивање
– кашлица
– чешање на носот, непцето и грлото
– чувство на исполнетост на синусите и болки во пределот на челото и јаболчниците
– намален осет за мирис и вкус

Иако алергискиот ринит може да се јави во кој било период од животот, вообичаено е да се развие во тек на детството и младоста. Со тек на годините симптомите на алергискиот ринит кај повеќето пациенти полека се намалува.

Симптомите на алергискиот ринит може :

1. Сериозно да го нарушат квалитетот на живот и да влијаат на способноста за извршување на секојдневните обврски на работното место и во училиштето.

2. Да влијае и врз квалитетот на сонот, па болниот станува ненаспан, деконцентриран и заморен.

3. Алергискиот ринит доведува и до влошување на астматските тегоби, до промени на слузницата на носот и синусите со развој на синузити и носна полипоза, како и зголемен ризик од развој на воспаленија на увото, особено кај децата.

Како се дијагностицира алергиски ринит?

Во случај да постои сомнение за алергиски ринит, потребно е да се направи клинички преглед и ендоскопија на горните дишни патишта. Како се лекува?

Основната постапка во лекувањето на алергискиот ринит е избегнување на алергенот, доколку тоа е возможно. Основен предуслов за ваквата превенција е точно да се одреди алергенот. Доколку се работи за алергија на животински влакна, треба да се избегне чувањето на домашни миленичиња во станот. Доколку се работи за домашна прашина, треба да се обезбеди минималистичко уредување на просторот во кој престојуваме, редовно чистење со влажна крпа и без непотребни предмети во него. Кај поленските алергии се препорачува во периодот на цутење да се држат прозорците затворени, а да се проветрува со климатизери со посебни филтри за полен. При појава на симптомите треба да се почне со терапија. Кај поблагите облици на болеста се користат неседирачки антихистаминици. Кај потешките облици покрај антихистаминици се користат и кортикостереодни препарати во облик на спреј. Капките за нос смее да се користат краткотрајно (неколку дена) кога симптомите се најизразени.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!