Покачената телесна температура е една од најчестите причини поради кои роди телите бараат лекарска помош, но истовремено и една од состојбите околу кои постојат најмногу заблуди и непотребен страв. Зголемената телесна температура не е болест сама по себе, туку природна одбранбена реакција на организмот најчесто на инфекција, понекогаш на воспалителен процес, а поретко и на прегревање на организмот. Фебрилноста му помага на организмот во борбата против причинителите на болеста, бидејќи повисоката температура создава понеповолни услови за размножување на многу вируси и бактерии. Во исто време, температурата претставува сигнал за активирање на одбранбените механизми на организмот – клетките на имунолошкиот систем поефикасно ја извршуваат својата функција, а се создаваат и важни супстанции како интерлеукините и интерфероните кои ја координираат одбраната против инфекцијата. Токму оваа сложена одбранбена машинерија му помага на организмот побрзо и поефикасно да се избори со причинителот на болеста.
ЛЕК ЗА ТЕМПЕРАТУРА НЕ СЕ ДАВА НА СЕКОИ 4 ЧАСА
Доц. д-р Наташа Најдановска Алулоска, специјалист по педијатрија, предупредува дека една од најчестите грешки што ги прават родителите е наизменичното давање парацетамол и ибупрофен на секои четири часа. „Не треба да се практикува шемата според која на секои четири часа се менуваат парацетамол и ибупрофен. Таква препорака не постои ниту во учебниците, ниту во современите педијатриски упатства и протоколи за третман на покачена температура кај децата“, вели д-р Алулоска.
АНТИПИРЕТИЦИТЕ НЕ СЕ ДАВААТ СПОРЕД ЧАСОВНИКОТ
Според современите препораки, антипиретиците не се даваат според часовникот, ниту исклучиво според бројката на топломерот, туку кога детето има значителна непријатност, лоша општа состојба, болки, изразен дискомфорт или тешко ја поднесува температурата. Родителите често очекуваат по давањето на лек температурата целосно да се нормализира, но тоа не е мерило за успешноста на терапијата. „Доколку по давањето на антипиретик температурата се намали за околу еден степен Целзиусов, тоа значи дека лекот делува и дека температурата реагира на терапијата. Не е неопходно температурата да се врати на нормални вредности за да кажеме дека антипире тикот бил успешен“, објаснува д-р Алулоска. Поради тоа, нема потреба веднаш да се додава втор антипиретик само затоа што температурата не се вра тила целосно во нормални граници. Во исклучителни ситуации и по проценка на лекар, може да се даде еден антипиретик, а потоа и друг, но со соодветен временски интервал кој вообичаено не треба да биде пократок од 5 до 6 часа. Сепак, ова не значи наизменично или рутинско давање на парацета мол и ибупрофен по однапред утврдена шема, бидејќи таквиот пристап не покажал дополнителна корист, а може да го зголеми ризикот од несакани ефекти. „Ниту парацетамолот ниту ибупрофенот не се безопасни лекови ако се даваат премногу често или во несоодветна доза. Како и секој лек, и тие можат да предизвикаат несакани ефекти, особено ако се комбинираат без јасна потреба и во кратки временски интервали“, нагласува д-р Алулоска.
ПРАВИЛНАТА ДОЗА ЗАВИСИ ОД ТЕЖИНАТА НА ДЕТЕТО
Дополнително, доколку по примена на два антипиретика се појави алергиска реакција или друг несакан ефект, значително потешко е да се утврди кој од лековите бил причинителот, што може дополнително да го отежни понатамошното лекување и следење на детето. Посебно важна е правилната доза на лекот. „Антипиретиците кај децата секогаш треба да се дози раат според телесната тежина, односно во милиграми по килограм телесна тежина, а не според возраста на детето. Пред секое давање лек, родителите треба да проверат дали дозата одговара на килограмите на детето“, советува д-р Алулоска.
ДОБРАТА ХИДРАТАЦИЈА Е КЛУЧНА ПРИ ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА
Покрај антипиретиците, исклучително важни се и останатите мерки за нега на детето со температура. „На детето треба да му се обезбеди доволен внес на течности и електролити, добра хидратација, разладување и проветрување на просторијата, како и лесна и пријатна облека кај лесно облечено или расоблечено дете, без дополнително затоплување“, советува д-р Алулоска. Родителите треба да обрнат внимание не само на бројката на топломерот, туку и на тоа како детето ја поднесува температурата – дали е будно и комуника тивно, дали е активно или изразено поспано, каква е неговата состојба на свест, дали внесува течности и „Во многу ситуации, упорното поење со течности и електролити, одржувањето добра хидратација и внимателното следење на детето се подеднакво важни, а понекогаш и поважни од самото давање антипиретик“, нагласува д-р Алулоска. како изгледа неговата општа состојба и расположение. Правилната употреба на антипиретиците, навре мената консултација со педијатар и внимателното следење на општата состојба на детето остануваат најважните принципи во грижата за детето со покачена температура.

