Низок крвен притисок

Не ретко се случува чувството на замор, општа слабост, исцрпеност, па дури и вртоглавица да не бидат резултат на некоја инфекција или претеран физички и психички напор. Ако ги почувствувате овие симптоми тогаш е време да го измерите крвниот притисок. Доколку вредностите на крвниот притисок кај жената се под 100/60 mmHg, а кај мажите под 110/60mmHg, станува збор за низок крвен притисок, кој не е алармантен, но знае да биде многу досаден. Замислете го чувството на немоќ и желбата за спиење во моментите кога треба да одржите битен состанок или да решите некоја сериозна ситуација. За луѓето кои имаат низок крвен притисок постои мислење дека подолго живеат, но страдаат од следниве симптоми.