Посетете офталмолог!

Многу е мал процентот на луѓето кои бараат медицинска помош за проблемите со своите очи. Најчести проблеми кои се јавуваат кај луѓето се токму иритациите кои се предизвикани од предолгото седење пред компјутер. Луѓето често го занемаруваат овој проблем, а не се свесни до што може да доведе.

Најчестото прашање кое пациентите го поставуваат на својот офталмолог е како да го сочуваат нивниот вид. Тука важат правилата, како и за сите работи во животот. Треба да го слушате здравиот разум. Потребни се редовни годишни прегледи кај офталмолог. Здравите навики кои се добри за целиот организам, важат и за очите. Особено прошетките низ природата, каде погледот нема крај.

Време е за на кардиолог!

Кардиоваскуларните болести и понатаму остануваат на врвот на најчести причинители за смртност во земјава и светот. 29 септември е светскиот ден на срцето, па затоа уште денеска закажете го вашиот кардиолошки преглед.

Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања, има причинители кои едноставно не зависат од нас, но постојат и навики кои можете да ги промените и да ги намалите ризиците од можност за срцево заболување. Првата и основна работа која треба да ја запомните е редовната посета на кардиолог, па дури и тогаш кога немате никаков проблем. За тоа кога  е време да го прегледате вашето срце, разговаравме со тимот кардиолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.