Ризик фактори за карцином на дојка
Ризик фактор за карцином на дојка е сѐ што претставува опасност за добивање на овој тип канцер. Но, доколку имате еден или повеќе ризик фактори за карцином на дојка, тоа не значи дека овој тип канцер ќе се развие кај вас. Некои жени немаат одредени ризик фактори за заболување од карцином на дојка освен фактот дека се жени, а тоа бездруго е еден од факторите.
Редовните прегледи може да ви го спасат животот
Карциномот на дојка се лекува, но мора навреме да се открие. Во прилог ви објаснуваме кои тестови и процедури се користат во дијагнозата на карцином на дојка:
Клинички преглед на дојки
Докторот ќе ги прегледа вашите дојки со цел да утврди дали има присуство на грутки или други абнормалности.
Мамограф
Мамографот претставува снимање на градите. Овие апарати најчесто се користат во дијагноза карциномот на дојка. Се препорачува секоја жена над 40 години еднаш годишно да направи мамографија. Доколку во семејството има заболен од карциномот на дојка, со мамографски преглед треба да се почне многу порано.
Хранете се здраво
Да се храните здраво не значи да бидете на строга диета, да бидете екстремно слаби и да се откажувате од храната која најмногу ја сакате. Хранете се здраво пред сѐ за се чувствувате убаво, за да имате повеќе енергија и за да го стабилизирате вашето расположение. Доколку ви е преку глава од „експертите“ кои постојано ви велат која храна е добра за вас, а која не, верувајте дека не сте единствени.
Еве неколку совети како да се храните здраво, вкусно и разноврсно.

Кога зглобовите ќе „откажат“
Покрај фактот што староста е главен ризик фактор за остеоартритис на колено, помладите не се поштедени од ова заболување. Во одредени случаи оваа болест може да биде наследна, во други случаи остеоартритисот на колено може да биде резултат на повреда, воспалување, дури и прекумерна тежина. Д-р Михајло Ивановски, трауматолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ни дава одговори на често поставуваните прашања во врска со остеоартритисот, и тоа како се лекува и што можете да направите сами за да ја намалите болката.