Редовно посетувајте гинеколог!

Престанете да ги проверувате вашите симптоми на интернет и самите да си поставувате дијагноза. Може да имате сериозни здравствени последици. Речиси сите гинеколошки проблеми можат успешно да се излечат, но неопходно е што порано да се посети гинеколог.

Вагиналните и цервикалните брисеви не откриваат канцер туку промените кои се случуваат во клетките на грлото на матката кои можат да укажуваат на претканцерозни промени. Истражувањата покажуваат дека на 90% од жените на кои им е откриен карцином на грлото на матката на превентивен преглед  имаат шанси да се излекуваат, додека оние кои веќе покажуваат одредени симптоми имаат 60% шанса да бидат излекувани.