3.2.1 третман – златен стандард за проблемот со отворените пори

Револуционерен 3.2.1 третман за проблемот со отворените пори

Секој човек има отвори на кожата наречени пори преку кои кожата дише. Отворените пори се чест естетски проблем на лицето. Оваа појава е генетски условена и под влијание на гените секој од нас наследува одреден тип на кожа. Кај луѓето со кожни заболувања отворените пори знаат да бидат назначени и комбинирани со одредени плитки деформации на кожата. Најдоминантни се во делот на образите, бидејќи отворите во овој дел од кожата се пошироки. За третманот на отворените пори разговаравме со доктор Андреј Пертов, дерматолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

 

Дишете правилно за подолг живот

Правилното дишење овозможува оптималното количество на кислород  преку крвотокот да пристигне до секоја клетка со што телото се исхранува правилно.

Во услови на современ  живот и изложеност на секојдневен стрес и загадување, голем дел од луѓето не дишат правилно. Дишењето е плитко па поради тоа страдаат, односно  “гладуваат” мозокот и телото. Со плиткото дишење се зголемува количеството на застоен воздух во долните делови од белите дробови, при што е оневозможен процесот на отсранување на токсините од телото (Со дишењето телото ослободува околу 70% од целокупните токсини) Ако не дишете правилно овој процес се забавува, а тоа е погодно за развој на многу болести.