Кога да посетите уролог?
Поттикнати од стравот и неизвесноста честопати свесно или несвесно го одложуваме прегледот на доктор. Бројни истражувања само ги потврдуваат фактите дека особено мажите е многу тешко да отидат на доктор дури и при појава на одредени симптоми. Ова се најчестите симптоми и состојби кои треба да ве натераат да закажете преглед на уролог.
Вродени аномалии на бубрезите и уринарниот тракт кај децата
Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт се присутни кај 0,5% бремени жени. Пренатална дијагноза и раните оперативни интервенции овозможуваат брзо решавање на аномалиите, но, сепак, тие се уште главна причина за откажување на работата на бубрезите во рана возраст. Според д-р Надица Ристоска Бојковска, педијатар – нефролог, конгениталните абнормалности на бубрезите и уринарниот тракт ги вклучуваат аномалиите на бубрегот, на мочниот меур и уретрата, додека во конгенитални аномалии на долен уринарен тракт спаѓаат конгенитални дефекти на уретер, мочен меур и уретра.