Естетски третмани за здрава и сјајна кожа пред и по летниот одмор

Тајната на сјајот на вашето лице се крие во здравиот и младешки изглед, кој во естетската дерматологија се постигнува со безбедни процедури и внимателен индивидуален пристап. Комбинацијата на витамински коктели и хијалурон пред одмор и дополнително хемиски пилинг по завршување на одмор, за кратко време водат до феноменални резултати.
Хемиските пилинзи помагаат во отстранување на изумрените клетки и поттикнување на епидермисот за создавање на нови, додека витаминските коктели и хијалуронот прават оптимално дополнување во потребите за здравјето и негата на кожата.
Причина за болка во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените

Болката во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените е честа болка и може да потекнува од повеке органи кои се сместени во долниот дел на стомакот и малата карлица. Во многу случаи тешко е да се дијагностицира потеклото на болката, но најчесто е предизвикана од уринарниот систем, цревата или репродуктивниот систем (матката, јајчниците или јајцеводите). Болката често започнува во слабините и се шири во долниот дел на стомакот-лево или десно од папокот и во препоните и може да биде со различен интензитет и времетраење.